7 причини заради кои секогаш ни е потребен барем уште еден слободен ден по викендот

Во текот на работната недела живеете со динамично темпо и едвај чекате да дојде викендот да се одморите.

8-prichini-zaradi-koi-sekogash-ni-e-potreben-barem-ushte-eden-sloboden-den-po-vikendot-01.jpg

Но, иако си ги замислувате викендите како релаксирани и опуштачки, многупати не ви се доволно долги и во недела посакувате да има барем уште еден ден пред понеделник.

Најчесто, тоа е така бидејќи ретко кој целите викенди ги поминува во одморање, иако се наменети за тоа, а ова најдобро го знаат оние кои имаат закажано „генералка“ во сабота.

Покрај тоа, има уште неколку причини заради кои викендот ви е краток и треба да научите како да го користите паметно.

Кои се причините заради кои викендот не е како што си го замислувате:

Организирате генералка на домот

Во многу семејства во сабота почнуваат генералките и најчесто траат цел ден, па дури продолжуваат и во недела, па затоа по толку голем замор ви се потребни уште 2 дена одмор.

Неколку совети:

  • Не чувајте нечистотија и секој ден одвојте 15 минути за средување
  • Чистете по распоред – на пример во вторник бришете под, во среда прозори и сл.

8-prichini-zaradi-koi-sekogash-ni-e-potreben-barem-ushte-eden-sloboden-den-po-vikendot-02.jpg

Одите на шопинг да се релаксирате

Колку и да сакате шопинг, не е најдобра опција за рекреативна активност и одмор, бидејќи долгото шетање по продавници, гужвата и потрошеното време и пари никако не ве одмараат.

  • Одете на шопинг кога имате потреба од дома за да не го поминете цел ден во барање нешто што не знаете ни сами зошто и како изгледа
  • Наместо да одите на шопинг, наполнете ја кадата со вода и вистински релаксирајте се и ослободете се од стресот

8-prichini-zaradi-koi-sekogash-ni-e-potreben-barem-ushte-eden-sloboden-den-po-vikendot-03.jpg

Немате јасен план

Колку и да звучи нелогично и викендите треба да се планираат, барем отприлика.

  • Закажете 3-5 главни настани или средби кои мора да се одржат, на не малку од 3 часа за да не се преморите од трчање натаму наваму
  • Создадете си традиција за семејни собири и поминувајте еден ден од викендот со семејството независно каква активност ќе биде – ручек, шетање и сл.

Си ја носите работата дома

Голем број од луѓето си ја носат работата дома и викендите ги користат како слободно време за да довршат работни обврски, но со тоа си скратувате од одморот кој ви е неопходен за нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Што да правите кога мислите за работа ве обземаат во петок и сабота?

  • Тргнете го телефонот настрана и не го гледајте мејлот од работа, исто како и социјалните мрежи
  • Одберете вистински начин и активност за одмор спротивен на она што го работите, ако седите на работа на компјутер, за викенд излезете и обратно

Премногу спиете

Иако е нормално да сакате за викенд повеќе да се наспиете, сепак претераното спиење е исто толку лошо како и недостатокот од сон, а во текот на денот ќе се чувствувате исцедено, а не одморено.

Не излегувате од дома

За викенд сите сакаат да се пикнат под ќебе и да поминат 2 дена во дремење пред телевизор со многу храна. Но и тоа е голема грешка, бидејќи не треба цел викенд да се излежувате и да не правите ништо продуктивно.

Важно е да излезете да прошетате, да се наполните со енергија и да правите активности кои ви годат.

8-prichini-zaradi-koi-sekogash-ni-e-potreben-barem-ushte-eden-sloboden-den-po-vikendot-04.jpg

Организирате или одите на забави

Ако во сабота ја поминете вечерта во забавување и пиење алкохол, следниот ден очекувано ќе бидете мамурни, ќе изгледате како цел свет да ви се срушил и ќе си го потрошите денот залудно, па логично е да сакате уште еден ден после тој за опоравување.

Затоа, секогаш јадете пред да пиете, пијте многу вода додека пиете алкохол и секако, не претерувајте секој викенд со истото, бидејќи има и други начини за забава и дружење.

8-prichini-zaradi-koi-sekogash-ni-e-potreben-barem-ushte-eden-sloboden-den-po-vikendot-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому „Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да...
Мит или вистина: Дали патниците со црвени куфери најдолго чекаат на аеродром? Според виралното видео кое е објавено на социјалните мрежи и стана хит во сите с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg