Како да го подобрите животот до крајот на 2018-та?

Наместо да ковате планови како да имате поубав живот од 1 јануари натаму, почнете со промените уште сега, додека 2018-та уште трае и подготвени влезете во Новата година.

imate-ushte-malku-vreme-za-promeni-podobrete-go-zhivotot-do-krajot-na-2018-ta-01.jpg

Желбата за нови почетоци не изостанува секоја година, но веќе сте доволно возрасни за да знаете дека со преклопувањето на стрелките на полноќ ништо не се менува, освен ако вие не дадете импулс за тоа.

Ова се пет начини на кои можете да го подобрите животот во времето што ви остана од оваа година:

1. Направете го тоа за себе

Сменете ја состојбата на својот ум и насочете ја кон тоа дека сите промени кои ги правите, ги праите за вас да ви биде подобро. Не се вознемирувајте дури и ако тоа значи дека сте посебични отколку што сте мислеле за себе.

imate-ushte-malku-vreme-za-promeni-podobrete-go-zhivotot-do-krajot-na-2018-ta-02.jpg

2. Прифатете ги промените

Некогаш вие ги раководите промените, но некогаш, едноставно, се случуваат и без вашето влијание. Наместо да се противите и да се „борите“, прифатете ги промените, дури и ако не ви се допаѓаат. Прашање на време е само кога ќе успеете да ги пренасочите во сопствена корист.

3. Практикувајте самоисцелување

Никој нема да ви помогне да ги излечите своите душевни рани, како што можете тоа да го направите самите за себе. Сето ова може да ви се чини како тешко, но навистина не ви треба никој друг за да ве лечи, туку тоа најдобро ќе го направите самите, а притоа да сте искрени кон себе во целост.

imate-ushte-malku-vreme-za-promeni-podobrete-go-zhivotot-do-krajot-na-2018-ta-03.jpg

4. Фокусирајте се на најважното

Одредете приоритети и фокусирајте се кон нивно исполнување. Тие може да бидат нови етапи во образованието, во кариерата, курсеви, нови цели за семејството, за вашиот социјален статус...

5. Не споредувајте се со другите

Како другите живеат не треба да биде пречка за вие да го исполните својот живот со среќа и задоволство. Ако некој е среќен со својот избор, не значи дека истиот избор е добар и за вас. Не се губете во обиди да бидете слични на некој друг, туку држете до себе, за да видите точно за што сте предодредени.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg