Брзо јадење, пребирање, гласно џвакање: Што открива стилот на јадење за карактерот?

Мешање секаква храна во чинијата

Овие луѓе не го делат оброкот во фази и сакаат сè одеднаш да стават во чинијата и да уживаат во сите вкусови истовремено.

Тие се отворени типови и пријателски настроени, а во работата сакаат да прифаќаат повеќе одговорности, но понекогаш тоа може и да им создаде замор и нервоза.

brzo-jadenje-prebiranje-glasno-djvakanje-shto-otkriva-stilot-na-jadenje-za-karakterot-07.jpg

Пробување специјалитети

Оние кои секој пат кога одат во ресторан сакаат да пробаат нешто поразлично од претходниот пат, наместо да го бираат она што знаат дека е добро, сакаат да преземаат ризици на секое поле и не се плашат од неуспех.

brzo-jadenje-prebiranje-glasno-djvakanje-shto-otkriva-stilot-na-jadenje-za-karakterot-08.jpg

Јадење едно по едно

Ова се луѓето кои прво сакаат да го изедат целосно едното јадење пред да преминат на другото, независно дали станува збор за салата и главно јадење, или сендвич и помфрит, тие ќе ги јадат сите делови посебно.

Овој тип на луѓе се фокусира на детали и сака да размисли добро и внимателно пред да направи нешто.

Тие се темелни во својата работа и затоа секогаш успеваат, а малите детали ги гледаат кога сите ќе ги пропуштат.

brzo-jadenje-prebiranje-glasno-djvakanje-shto-otkriva-stilot-na-jadenje-za-karakterot-09.jpg

Гласно џвакање

Веројатно оваа навика кај луѓето им оди на сите на нерви кога треба да седат со некој таков на маса.

Луѓето кои гласно џвакаат додека јадат важат за екстроверти и пријателски настроени, а не им е грижа што другите мислат за нив, ниту пак стресно приоѓаат на проблемите.

brzo-jadenje-prebiranje-glasno-djvakanje-shto-otkriva-stilot-na-jadenje-za-karakterot-10.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg