Брзо јадење, пребирање, гласно џвакање: Што открива стилот на јадење за карактерот?
Иако можеби на почеток ќе ви звучи чудно, сепак има логика начинот на кој јадете да открива нешто и за вашиот карактер.
Па така, постои разлика дали јадете брзо или бавно, дали го организирате јадењето во чинијата или јадете сè одеднаш.
Доколку сакате да откриете нешто за некого, доволно е да седнете на заеднички ручек и внимателно да го набљудувате додека јаде.
Погледнете што откриваат неколку најчести стилови на јадење:
Бавно јадење
Бавното јадење може да е една од најиритантните работи посебно за оние кои веќе се најале и го чекаат другиот.
Но, оние кои не се брзаат, сакаат да уживаат во оброкот, но и во секој момент од животот, без никаде да брзаат.
Тие се водат по оваа шема на работното место, но и во приватниот живот.
Брзо јадење
Оние кои завршуваат со јадењето во 5 минути имаат способност за мултитаскинг. Тие никогаш не пропуштаат ниту еден краен рок и најчесто ги завршуваат работите однапред.
Тие се со натпреварувачки дух и секогаш брзаат низ животот, а тоа значи дека може и да пропуштат некои важни моменти.
Тие се толку претрупани со обврски, што може да заборават да се грижат за себе.
Пребирање
Оние кои имаат многу барања кога нарачуваат јадење во ресторан и секогаш имаат некои нови правила за оброците, се чувствуваат безбедно само во својата комфор зона и се плашат да пробаат нешто ново.
Тие го прават само тоа што знаат дека нема да им донесе ризик, но не се плашат да поставуваат прашања и да научат нешто што не го знаеле.
Организација во чинијата
Овие луѓе мразат да видат како различни типови на храна се допираат во чинијата или се едно врз друго.
Тие сакаат сè да им е организирано, како во порцијата, така и во домот и работата, а сакаат да имаат и целосна контрола врз работите.