Зошто на некои луѓе не им се допаѓаме иако не нè знаат?

Секој од нас се нашол во ситуација да биде цел на нечија антипатија, без особена причина. Меѓутоа, се случило и обратното.

zoshto-na-nekoi-lugje-ne-im-se-dopagjame-iako-ne-ne-znaat-01.jpg

Некои јасно ги искажуваат своите таканаречени чувства и му даваат до знаење на другиот дека не им се допаѓа, додека други може да го кријат сето тоа. Сепак, без успех, бидејќи предметот на нивната антипатија во секој случај ќе го забележи тоа.

Во овие случаи еден од нив е изразено емпатичен, или пак такви се и двајцата. Тие личности чувствуваат дека природната фреквенција на нивните души е некомпатибилна и меѓу нив се јавува изразено недопаѓање.

zoshto-na-nekoi-lugje-ne-im-se-dopagjame-iako-ne-ne-znaat-03.jpg

Возвраќање

Во зависност од карактерот, едната личност може да се посомнева во својата интуиција и да даде шанса на личноста, но тоа брзо да ѝ се „удри од глава“.

За кратко време почнуваат лични конфликти, пресметки и судење, а ова е особено тешко кога се случува на работа, каде сите треба да ги остават личните чувства дома и да бидат професионални.

Токму поради тоа, овие две личности видливо ќе покажуваат дека не се поднесуваат една со друга, односно едниот ќе стане огледало на другиот. Неретко ваквата ситуација излегува од контрола, најчесто на штета на поразумниот од нив.

zoshto-na-nekoi-lugje-ne-im-se-dopagjame-iako-ne-ne-znaat-02.jpg

Излез

Најчесто, нема излез додека едниот не биде исфрлен од играта. Овие две личности си влијаат контрапродуктивно и може да се саботираат едни со други, но и да си прават проблеми.

Од една страна, ова е директна навреда на суетата и на двете страни, но од друга страна е еден вид ментален тренинг.

Поретко се случува личните емоции да бидат надминати, но доколку дојде до тоа, овие личности ќе научат како да не бидат засегнати од мислењето на другите ниту од нивните чувства.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg