Неочекувани начини на кои ладното време влијае врз вашето спиење

Кога надвор е ладно и кога денот е пократок, на сите ни се чини дека сме во состојба да потонеме во зимски сон.

ladnoto-vreme-vlijae-vrz-vasheto-spienje-na-nachini-koi-voopshto-ne-gi-ochekuvate-01.jpg

Телото некогаш реагира на промените на времето, па можете да забележите и промени во спиењето.

Исто како што претоплото време ви го нарушува циклусот на спиење, тоа може да го направи и ладното време.

Прочитајте како ладното време влијае врз сонот. Некои начини навистина ќе ве изненадат.

Ниските температури ве прават дремливи

Кога телото е во мирна состојба, температурата му е пониска отколку кога е во движење. По работниот ден, кога веќе надвор почнува да се стемнува, а вие се излежувате, мислите дека ќе заспиете до следното утро.

Веројатно сте во право, бидејќи такво нешто ретко се случува преку лето. Исто така, во текот на ноќта, ниската температура ве прави помирни, па затоа не пуштајте греење во собата каде спиете.

ladnoto-vreme-vlijae-vrz-vasheto-spienje-na-nachini-koi-voopshto-ne-gi-ochekuvate-02.jpg

Но, протокот на ладен воздух ве буди

Додека во лето можете да спиете на провев, во тек на зима не е препорачливо да отворите прозорец за да влезе повеќе воздух. Може да стане престудено и да се будите и да бидете немирни во текот на ноќта. Наместо тоа, проветрете ја спалната соба пред да си легнете.

Помалку дневна светлина значи подолго спиење

Кога почнува да се разденува, иако вие не сте свесни за тоа, почнува да се буди и телото. Со самото тоа што се разденува нешто подоцна, вашите тело и мозок остануваат подолго во состојбата на длабок сон. Исто така, вие сте посонливи, помрзеливи и телото самото произведува повеќе мелатонин.

ladnoto-vreme-vlijae-vrz-vasheto-spienje-na-nachini-koi-voopshto-ne-gi-ochekuvate-03.jpg

Подобро спиете, но телото работи повеќе

Веќе наведовме дека во посвежа соба подобро се спие, но телото е во поголем работен погон отколку кога е топло. Ова се случува бидејќи му е потребна поголема енергија за да воспостави терморегулација, односно да се прилагоди на условите во собата. Тоа значи и позабрзана работа на срцето и повисок крвен притисок отколку во лето.

Во зима се лачи помалку кортизол (стрес хормон)

Иако сите би рекле дека во лето се релаксирани, а во зима понервозни, телото, како биолошки систем, реагира спротивно на тоа. Токму поради тоа што нивоата на кортизолот се пониски во границите на нормалата, механизмот на спиење е многу порелаксиран. Дури и самото спиење преку зима е попријатно, токму од овие причини.

ladnoto-vreme-vlijae-vrz-vasheto-spienje-na-nachini-koi-voopshto-ne-gi-ochekuvate-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg