Перфекционизмот може да биде добар за вас на три начини

Перфекционизмот најчесто е проследен со негативни ефекти врз вашето физичко и ментално здравје, а во последните години ги зголемува случаите на млади луѓе со депресија.

perfekcionizmot-mozhe-da-bide-dobar-za-vas-na-tri-nachini-01.jpg

Но, исто така може да предизвика и покачен крвен притисок, како и поголем ризик за хронични и автоимуни заболувања. Ова се случува затоа што овие луѓе премногу се критикуваат себе, до степен самокритиката да е премногу за нивното тело и ум.

Сепак, постојат три начини на кои перфекционизмот е истовремено и добар за здравјето:

Може да ве направи попристапни и лесно прилагодливи

Во желбата да постигнете што подобри резултати, често се случува да се адаптирате на ситуацијата и да се прилагодувате и размислувате на следниот чекор. Фокусирани сте на позитивен исход, па затоа и перфекционзимот ве учи како да целите кон него, без да ги погазувате своите стандарди.

Покрај стресот и нервозата, ваквата навика ве прави подобри во својот перформанс, потрпеливи, поиздржливи, екстровертни и свесни за промените и околностите.

perfekcionizmot-mozhe-da-bide-dobar-za-vas-na-tri-nachini-02.jpg

Ве прави похрабри за постигнување на своите цели

Перфекционистите се подготвени да занемарат сè што им стои на патот, само за да дојдат до саканата цел. Во исто време, тоа што се перфекционисти, ги прави и одговорни, организирани, балансирани и ефективни.

perfekcionizmot-mozhe-da-bide-dobar-za-vas-na-tri-nachini-05.jpg

Кога е правилно насочен, ве ослободува од стрес

Сè додека перфекционизмот е насочен кон подобрување на себе, тогаш дури и стресот кој го предизвикува е корисен, а по некое време и целосно исчезнува.

Но, проблемот се јавува кога сакате и луѓето и светот околу вас да се „совршени“, па фрустрацијата преминува во деструктивен стрес.

Запомнете, перфекционизмот ви е наменет лично вас. Само тогаш можете да ги искористите неговите бенефити и да се поштедите од нервозите кога другите околу вас ги игнорираат вашите, според вас, најдобри намери.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg