Според своите постапки проценете дали сте емотивно парализирани
Емоционалната парализа е комбинација на анксиозност, депресија, страв од иднината, пречки од минатото и чувства на вина.
Во одреден момент од животот секој од нас ќе почувствува емоционална парализа, поради комбинација од најразлични причини. Некогаш ќе биде лесно да ја победите, но некогаш ќе мора повеќе да се потрудите.
Животот со емоционална парализа во прв момент се чини едноставен, бидејќи немате потреба да искажете никакви чувства, ниту пак одредени луѓе и настани влијаат врз вас. Но, со тек на време станува преголем товар, па подобро е да препознаете што порано.
Проверете дали некое од следниве тврдења одговара за вас и започнете со ослободување на емоционалниот дел од вас уште денеска:
1. Стравот и неизвесноста влијаат врз носењето одлуки, бидејќи вашиот ум е блокиран од мислите за можниот неуспех.
2. Целосно се „смрзнувате“ кога вашето тело ви дава знак однатре дека е време за промени. Затоа и ништо не ви се случува со месеци, па и години.
3. Се плашите од авторитетите, до степен што се препотувате, се сомневате во себе, па дури и ви доаѓа по некоја солза кога треба да ја презентирате својата работа.
4. Чувствувате потреба да се правдате за своите одлуки и постапки, само затоа што некогаш на некого не му се допаднале.
5. Тешко се будите наутро, делумно затоа што лошо спиете, но и затоа што мора да се соочите со луѓето и светот.
6. Им завидувате на оние кои се понапред од вас и кои го средиле животот, на некој начин. Но, секоја помисла вие да преземете акција, ве враќа во зоната на стравот.
7. Никогаш не давате сè од себе, бидејќи ви е страв да не вложите премногу, а за возврат да не добиете ниту благодарност, ниту пофалба за направеното.
8. Верувате дека сте полоши отколку што навистина сте.
9. Кога пријателите и семејството ви велат дека е време да ги отворите своите емоции, вие им враќате дека ви е добро и вака, иако знаете дека всушност не ви е.
10. Посветени сте на блокирање и бришење на лошите сеќавања или кажаните погрдни зборови упатени кон вас, но тие ви се враќаат дури и во сон.
11. Среќни се затоа што не се жалите себе, па затоа често трпите повеќе отколку што сте способни да поднесете.
12. Најдобро се чувствувате кога сте преокупирано со работни обврски, па благодарение на нив можете да се „извадите“ од секоја ситуација за која треба повеќе да се потрудите.
13. Се плашите од иднината, од мислењето на другите и од неуспехот.
14. Ни сами не можете да излезете на крај со својот сложен и непредвидлив карактер.
15. Јадете премногу или премалку, но никогаш балансирано. Или претерувате со вежбање или воопшто не вежбате. Исто и за сè друго, одите од крајност во крајност.
16. Повеќе време живеете во страв, отколку во мир. Тагата и грижата се многу почести отколку задоволството.
Доволно е да се препознаете себе во три од овие карактеристики, за да сфатите дека ви се случува емоционална парализа.
Доколку не можете самите да излезете на крај, побарајте помош од блиските луѓе кои ви мислат добро, па дури и од стручни лица, ако има потреба од тоа. Не очекувајте резултати за еден ден, ослободувањето ќе се случува постепено.
Е. Д. | Црнобело