Најискрените одговори
Децата се најчиста душа на светот. Што сте размислувале вие кога сте биле мали? Како сте гледале на светот? Каква логика сте наоѓале на нештата?
Овие прашања им ги поставиле на деца во градинка. Ова се најинтересните одговори.
1. Зошто бог ја создал мама?
- Само она знае каде е селотејпот.
- За да ни ја чисти домата.
- Да ни помогне да излеземе од таму кај што сме се родиле.
2. Како Бог ја создал мама?
- Од прашината.
- Со магија, супер моќи и многу мешање.
- Бог ја создал мама како мене. Само користел повеќе делови.
3. Од кои состојки се направени мајките?
- Од облаци и ангелска коса и се што е убаво на светот со само малку лошо.
4. Зошто Бог ти ја дал баш твојата мајка, а не некоја друга?
- Затоа што сме роднини.
- Знаел дека ме сака повеќе отколку што би ме сакала некоја друга мама.
5. Што морала да знае мајка ти пред да се омажи со татко ти?
- Неговото презиме.
- Дали е крадец и дали пие пиво.
- Дали ќе помага во чистење.
6. Зошто мајка ти се омажила за татко ти?
- Тој прави убави шпагети, а мама сака да ги јаде.
- Баба вика дека мама тогаш немала капа за размислување на главата.
7. Кој е шеф кај вас дома?
- Мама неќе да биде шеф. Ама мора затоа што тато е непослушен.
- Мама. Таа проверува што имаш под кревет.
- Мислам дека е мама затоа што она повеќе работи од тато.
8. Која е разликата меѓу мама и тато?
- Мама работи и на работа и дома, а тато само на работа.
- Мама знае како да збори со учителката, а да не ме издаде.
- Тато е висок и силен.