7 уникатни есенски фестивали низ светот

Во многу земји есента е период кога се организираат прекрасни и интересни фестивали на кои се слават најразлични нешта.

7-unikatni-esenski-festivali-niz-svetot-01.jpg

Па така, наместо да размислувате дали да пиете кафе со зачини за печена тиква или да фотографирате чај во есенски лисја, испланирајте патување.

Дивали

Ако во октомври или ноември се најдете на територија на јужна и југоисточна Азија, не пропуштајте да присуствувате на фестивалот по повод празникот Дивали.

Дивали е хинду празник кој ја слави светлината над темнината, семејствата изработуваат ранголи (нешто слично на мандала) за да ја повикаат божицата на просперитетот Лакшми, танцуваат, а се јадат и големи количини слатки.

Овој празник се слави и во земјите каде има индиски малцинства и заедници.

7-unikatni-esenski-festivali-niz-svetot-03.jpg

Бегнет фестивал

Овој фестивал го има само во Њу Орлеанс и е посветен на почитта кон слатките бегнет, кои се прават од пржено тесто, слично како крофните. Оваа година се одржува на 6-ти октомври во градскиот парк во Њу Орлеанс.

Средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на слатките се наменети за децата со задоцен развој и други физички и ментални недостатоци.

7-unikatni-esenski-festivali-niz-svetot-04.JPG

Чусеок

Ова е тридневен фестивал што се одржува во Јужна Кореја, за време на полната месечина во септември или октомври. Луѓето на овој ден го слават животот на своите предци, со тоа што споделуваат (многу) храна со своите пријатели и со семејството, а сето тоа проследено со музика и традиционални танци.

7-unikatni-esenski-festivali-niz-svetot-05.jpg

Ноќта на Гај Фоукс

Гај Фоукс е човекот кој требало да го запали Домот на лордовите во Лондон и да го убие кралот Џејмс Први, во 1605 година. Во негова чест, иако негативец, Британците го организираат овој фестивал со тоа што се палат контролирани огнови, како симбол на тоа што би било ако Гај Фоукс не бил спречен во намерата.

7-unikatni-esenski-festivali-niz-svetot-06.jpg

Фестивал на средина на есента

Оваа година на 24 септември беше прославен овој фестивал, најмногу во Кина, Тајван, Виетнам и нив сосесдните држави. Најчесто се организира за време на полна месечина.

Декорациите се слични како и за кинеската Нова година, а месечината е симбол на заедништво и просперитет. Тогаш се јадат и месечевите колачиња, кои се округли и традиционално полнети со паста од семки од лотос, или пак сладолед во помодерните верзии.

7-unikatni-esenski-festivali-niz-svetot-02.jpg

Октоберфест

Ова е најголемиот фестивал на пивото на територија на Европа. Традиционално се одржува во Минхен и е период кога милиони туристи од целиот свет доаѓаат да ја почувствуваат уникатната атмосфера и несекојдневната забава на германски начин.

7-unikatni-esenski-festivali-niz-svetot-07.jpg

Денот на мртвите

Ова е есенска традиција која се случува на почетокот на ноември и се слави во Мексико. На првиот ден од ноември семејствата се сеќаваат на починатите деца, а вториот ден на возрасните.

Со оваа прослава, тие им дозволуваат на нивните души да бидат заедно со нив во домовите. Се градат олтари, се служи храна, но и се танцува во чест на оние кои се живи.

7-unikatni-esenski-festivali-niz-svetot-08.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Кои се највисоките градби на секој континент? Бурџ Халифа, со своите 828 метри, е највисоката градба во Азија, но и во светот....
Артист од Холандија прави забавни уметнички инсталации низ Амстердам (фото) Френк де Руве e уличен уметник од Амстердам кој работи под називот „Френки“ и се...
Го промени светот, но умрел сам, во сиромаштија – Тажниот живот на Никола Тесла Никола Тесла е научникот кој го модернизира светот, но и покрај достигнувањата, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg