Забрани и правила кои треба да ги следат жените ако се бремени со наследник на британскиот кралски трон

Покрај многуте правила кои мора да ги следат членовите на британското кралско семејство, постојат и многу правила и забрани за жените кои носат наследник на тронот.

zabrani-i-pravila-koi-treba-da-gi-sledat-zhenite-ako-se-bremeni-so-naslednik-na-britanskiot-kralski-tron-01.jpg

Секако, кога се жените бремени, независно дали се членови на кралското семејство, постојат одредени работи до кои е добро да се држат заради лична безбедност и здравје.

Но, жените од кралското семејство мора да се откажат од неколку работи плус, кои звучат чудно.

Погледнете што значи да се биде бремена со кралско бебе:

Забрането е да се открие полот на бебето

Додека модерните мајки објавуваат на социјалните медиуми бои, балони и колачи со кои откриваат какво дете носат, родителите во кралското семејство не смеат да објават додека детето не се роди.

zabrani-i-pravila-koi-treba-da-gi-sledat-zhenite-ako-se-bremeni-so-naslednik-na-britanskiot-kralski-tron-02_copy.jpg

Не се прифаќаат подароци

Во некои семејства, најблиските носат подароци за бебето или купуваат креветчиња и слични додатоци уште додека мајката е бремена, но во кралското семејство тоа е строго забрането.

zabrani-i-pravila-koi-treba-da-gi-sledat-zhenite-ako-se-bremeni-so-naslednik-na-britanskiot-kralski-tron-03_copy.jpg

Не смеат да возат

Во почетокот на бременоста многу трудници продолжуваат да возат автомобил доколку претходно тоа го правеле редовно, но во кралското семејство тоа им е забрането на жените заради безбедносни причини.

zabrani-i-pravila-koi-treba-da-gi-sledat-zhenite-ako-se-bremeni-so-naslednik-na-britanskiot-kralski-tron-04_copy.jpg

Забрането е да бидат во лошо расположение

Претставник на кралското семејство мора секогаш да изгледа добро и да биде расположен, независно од хормоните, здравјето и слично.

zabrani-i-pravila-koi-treba-da-gi-sledat-zhenite-ako-se-bremeni-so-naslednik-na-britanskiot-kralski-tron-05_copy.jpg

Не смеат да јадат во јавност

Постојат некои чудни старински верувања дека според желбата за одреден вид храна на трудницата, може да се одреди  полот на детето, па наводно затоа членките на кралското семејство не смеат да јадат во јавност.

Исклучок се официјалните приеми, каде се служи иста храна за сите.

zabrani-i-pravila-koi-treba-da-gi-sledat-zhenite-ako-se-bremeni-so-naslednik-na-britanskiot-kralski-tron-06_copy.jpg

Не смеат да купуваат облека од продавници

Причината е повторно онаа дека може да го откријат полот пред јавноста или да се шират гласини.

Затоа купувањата за мајката и бебето се прават од специјални луѓе кои ја чуваат информацијата во строга тајност.

zabrani-i-pravila-koi-treba-da-gi-sledat-zhenite-ako-se-bremeni-so-naslednik-na-britanskiot-kralski-tron-07_copy.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg