Зошто прстите ни се збрчкуваат во вода, зошто во школките се слуша океанот - прашања на кои одамна го барате одговорот
Зошто секогаш ја гледаме истата страна од месечината?
Од земјата секогаш се гледа само едната иста страна од месечината. Ова е затоа што месечината е поврзана со Земјата преку плимата и осеката, односно гравитацијата прави таа да се врти околку својата оска координирано со вртењето на земјата.
Зошто некои луѓе се левораки?
Околу 90% од луѓето се деснораки и не е сосема јасно зошто таа пропорција во разликата се одржува сè уште.
Научниците веруваат дека голем број на гени влијаат на тоа која рака ќе биде главна, а најверојатно истите тие гени се одговорни за поставеноста на органите во човековото тело кои, како што знаеме, се секогаш на истата страна без разлика на тоа која рака ја користите почесто.
Дали левораките се и левоноги?
Најчесто деснораките се и десноноги, но за левораките ова совпаѓање не е толку често. Генерално, повеќето од нас ја фаворизираат десната рака, нога или око.
Како знаат птиците каде да мигрираат?
Околу 40% од птиците мигрираат и тие се толку добри во тоа што можат да го најдат својот пат дури и доколку не тргнат од вообичаеното место. Научниците веруваат дека тие се ориентираат со помош на магнетна мапа на магнетното поле на земјата. Како тие ја детектираат оваа мапа е сè уште непознато.
Зошто семафорот е црвен, жолт и зелен?
Црвената боја има најдолга бранова должина и може да се види од најдалеку, па затоа се користи како знак за запирање. Најпрво семафорите се користеле во железницата, па така црвеното светло значело „стоп“, а белото „тргни“.
Најверојатно машиновозачите со тек на време сфатиле дека белото светло не се гледа толку добро, а контрастна боја на црвената е зелената, па така зелената станала бојата на „тргни“.
Жолтата е втората најлесна боја да се види на далечина, па затоа таа е поставена како светло за претпазливост.
(О)Милена | Црнобело