Зошто прстите ни се збрчкуваат во вода, зошто во школките се слуша океанот - прашања на кои одамна го барате одговорот

Дали имате желба малку да истражувате и да ги решете мистериите за кои некогаш сте се запрашале, но не сте се потрудиле да го дознаете одговорот? 

Objasnuvanja-za-koi-odamna-ste-se-prasuvale-01.jpg

Доколку се прашувате која е причината што семафорот ги има трите точно определени бои или зошто икаме, продолжете да читате понатаму…

Зошто прстите на рацете ни се брчкаат додека пливаме?

Можеби мислевте дека тоа се случува затоа што кожата е долго време во вода и набабрува, но тоа не е точно. Прстите всушност се брчкаат како резултат на еволуцијата на човекот, односно неговите крвни садови. Набрчканите прсти полесно можат да фатат воден предмет, отколку ненабрчканите.

Objasnuvanja-za-koi-odamna-ste-se-prasuvale (7).jpg

Зошто икаме?

Верувале или не, икањето можеби е еволутивен остаток од нашите многу далечни предци, рибите. Кога икаме мускулите кои и користиме за дишење се грчат, а гласните жици се затвораат со помош на јазикот и врвот на усната шуплина.

Ова нема причина да се случува кај луѓето, но кај полноглавците на водоземците се повторува истиот овој процес за исфрлање на вода преку жабрите.

Objasnuvanja-za-koi-odamna-ste-se-prasuvale (6).jpg

Кои се првите растенија што почнал да ги одгледува човекот?

Се верува дека одгледувањето на растенија најпрво започнало со разни видови на грашок, леќа и јачмен уште пред 12.000 години.

Objasnuvanja-za-koi-odamna-ste-se-prasuvale (10).jpg

Зошто во школките се слуша океанот?

Формата на школките е таква што им дозволува да ги фаќаат и одбиваат амбиенталните звуци, притоа зајакнувајќи дел од фреквенциите на звукот. Па така кога ќе ги ставите на увото вие всушност слушате ехо од тивките звуци коишто веќе се околу вас.

Objasnuvanja-za-koi-odamna-ste-se-prasuvale (5).jpg

Зошто имаме слепо црево?

Порано се верувало дека слепото црево е остаток од еволуцијата, односно рудиментиран дигестивен орган, којшто сега нема функција.

Меѓутоа, во последните години научниците увидоа дека и други цицачи имаат слепо црево и сега се претпоставува дека тоа е дел од имуниот систем којшто му помага на телото во одбраната со чување на здрави цревни бактерии во него.

Objasnuvanja-za-koi-odamna-ste-se-prasuvale (9).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg