Основни бонтон правила кои треба да ви станат начин на живот
-->
Правилата за културно однесување може да се разликуваат во различни земји низ светот и помеѓу различни нации.
Но, сепак, постојат некои основни правила кои треба да ги знаете и следите, независно каде се наоѓате.
-->
Каде и да сте треба да оставите впечаток на културна личност, а иако можеби сметате дека правите сè како што треба, сепак е можно некаде да грешите.
Во продолжение погледнете некои основни бонтон правила по кои треба да се водите секојдневно:
Носење женски чанти
- Секогаш носете ја чантата на левата рака или рамо за десната рака да ви е слободна за поздравување
- Никогаш не носете женска чанта ако сте маж, независно колку ја сакате партнерката. Ова не важи за тешки кеси од шопинг.
- Не ја ставајте чантата на маса или на под кога одите некаде. Или закачете ја на столчето или на кука под масата.
Правилно однесување во теретана
- Ако доцните на групен час за вежбање, тоа не значи дека треба повторно да одите на вашето место и да станувате некои кои веќе го зафатиле – ваша грешка е што доцните и застанете на првото слободно место.
- Кога ќе завршите со користење на справите со тегови, вратете ги на минималната тежина за следниот кој ќе дојде да не се повреди кога ќе почне.
- Користете пешкир за да си ја бришете потта од рацете, телото, како и од опремата која некој треба да ја користи по вас.
-->
-->
Правилно однесување на јавни места
Постојат три типа на луѓе – оние кои доаѓаат на места порано, кои стигнуваат на време и кои доцнат.
-->
- Ако не сте првиот тип, веројатно кога одите на места како кино или театар, ќе мора да поминувате низ седнати луѓе за да стигнете до местото. Единствениот правилен начин е да бидете свртени со лице кон нив, а не со грб.
- Ако сте првиот тип, вие сте тие кои мора да ги пуштат луѓето кои доаѓаат по вас да дојдат до седиштата. Во овој случај, немојте да продолжите да седите. Непријатно е за луѓето да поминуваат преку вашите нозе како пречка. Станете и направете полесно за сите.
- Зборување на телефон, допишување, гледање нешто на телефон, коментирање што се случува пред вас или во филмот, како и разговарање со оние до вас е некултурно во кино, театар, па и на концерт. Луѓето не доаѓаат на настани за да ве слушаат вас.
Покани
- Доколку забележите натпис „RSVP“ на покана која сте ја добиле, значи дека мора да му пишете или да се јавите на домаќинот за да го потврдите присуството на настанот, бидејќи очигледно до одреден временски период е потребна точна бројка на луѓе заради снабдување со храна, пијалаци, места и сл.
Манири на маса
- Ако сте во ресторан или на отмен ручек/вечера каде се користат посебни марамчиња, а треба да станете од масата, ставете ја салфетата на столче, а не на маса ако претходно ви стоела во скут или врз блуза.
- Кога ќе завршите со јадење, може да ја ставите на маса, но не во чинијата за да покажете дека сте готови со оброкот.
- Непријатно е кога ќе отидете некаде на гости, а на масата има поставено храна на која сте алергични. За да не дојде до таков случај и да го засрамите домаќинот, нагласете однапред на која храна сте алергични.
-->
Облекување за пригоди
- Кежуал: Ова може да биде било што од маица по кратки ракави и фармерки – до шорцеви и кошула или блуза, зависно од тоа дали сте на ладно или топло, а може да се консултирате и со останатите кои ќе присуствуваат.
- Кежуал петок: Ден кој си го означуваат компаниите и тој ден може да одите во полежерна комбинација на работа, но тоа не значи премногу да се опуштите како за на пикник.
- Бизнис кежуал: Треба да бидете уредно облечени и да избегнувате облека која е премногу тесна или преширока, едноставно треба да сте стилски и културно облечени.
- Формал бизнис: Ова е идеално за бизнис луѓе кои сакаат да остават впечаток каде и да се појават, а најдобро ќе успеат со темно одело (или здолниште со блејзер) и официјални чевли.
Човечки манири
- Кога стоите во ред во продавница или кафетерија не зборувајте на телефон. Посебно кога продавачот веќе почнува да ви поставува прашања. Некултурно е кон него, а и кон сите останати во редот кои треба да ви го слушаат разговорот.
- Не ги внесувајте милениците секаде каде што одите. Тие не уживаат во шопингот, а и не сите луѓе се чувствуваат пријатно покрај нив во секое време и место.
- Истото за милениците важи и за кога одите на гости – прво прашајте дали смеете да го земете со вас миленикот пред да го внесете во туѓ дом.
М. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот
Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува
Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени?
Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“
„Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец
Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари
Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...