Далеку од напорни и здодевни: 5 Инстаграм профили од Балканот кои треба да ги заследите
Социјалните платформи го трасираа патот за еден сосема нов начин на интеракција. Интернетот ни овозможи да споделуваме многу повеќе детали од сопствениот живот, што понекогаш знае да биде мошне напорно и здодевно искуство.
Но, овие балкански жители момче очигледно го имаат рецептот за успех. Нивните профили делуваат смирувачки, со себе носат огромна доза естетика и мало парче среќа кое ќе ве инспирира во одреден момент од животот кога тоа ќе ви биде потребно:
@ljupka_tanevska
Доколку се интересирате за внатрешен ентериер, обожавате кафе и ве фасцинираат повеќе аспекти од животниот стил, Љупка Таневска која живее во Загреб целосно ќе ве освои со својот Инста-профил и нејзиното куче.
@more_less_ines
Уште една девојка со загрепска адреса, нејзиниот профил на Инстаграм може да се опише како смирен и среќен. Чиста бела боја помешана со доза на смирени тонови ги бојат прекрасните фотки на Инес. Доколку сакате фамилијарни блогери, ентериер и едноставност, стиснете follow.
@lutkarka
Сакате, мода, патувања и исполнет живот? Девојката која е лоцирана во Сараево ќе ви ги освои срцата. Нејзиниот профил е меден контраст на топли и темни бои. Едноставни, но елегантни модни комбинации, архитектура и спортски авантури низ Европа. Сакаме!
@filipz_
Филип е од Белград и неговиот Инстаграм профил е мелем за очите, во морето на шминки и гуруа за убавина.
Тој е фотограф и се занимава со дизајн, а неговите фотки се истовремени сурови и исполирани. Доколку сакате портрети, природа и генерално фотографија, не двоумете се да го заследите Филип.
@nadafitt
Квалитетен животен стил, фитнес и вкусна, здрава храна. Нада од Белград има неверојатно колоритен Инста-профил кој ќе ве мотивира да станете од креветот и да го зграпчите денот, додека правите помудри избори во вашата чинија.
(О)Милена | Црнобело