Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


До пријателите со кои ќе остарам – Ви благодарам!

Постојат некои луѓе кои се со мене од почетокот и кои докажаа дека ќе бидат до крајот.

do-prijatelite-so-koi-kje-ostaram-vi-blagodaram-01.jpg

Ви благодарам што секогаш сте тука кога ми требате, што ме слушате несебично секогаш кога сакам да си симнам некој товар од градите , што ги собирате парчињата од мене, кога јас самата не можам да го сторам тоа.

Ви благодарам што секогаш сте искрени со мене, што ми кажувате кога грешам и што ме почитувате доволно за да ме предизвикате да бидам подобра, да направам подобро, да размислувам подобро.

Ви благодарам што ме разбирате и секогаш ми дозволувате да изразам што чувствувам. Ви благодарам што ме сакате дури и кога претерано реагирам на некои работи. Ви благодарам што ме сакате доволно за да побарате да излезам од мојата глава понекогаш.

Ви благодарам што ме туркате надвор од комфорната зона и ме терате да растам. Вие сте причината што искусив дел од работите кои ги искусив, од обични настани на кои бев срамежлива да појдам до работи кои ме заплашуваа да ги направам.  Работите никогаш не се толку страшни кога вие сте покрај мене и кога ми велите дека не смеам да пропуштам нешто, без разлика на изговорите што ги измислувам.

Ви благодарам што носите радост во мојот живот, што правите да се смеам дури и на грешките што ги правам и што правите да се чувствувам дека сум разбрана, дека на светов постои некој друг што ме сфаќа, кога поголемиот дел од луѓето не ме сфаќаат. Ви благодарам што одвојувате време за да ми кажете дека не сум сама во начинот на кој се чувствувам, размислувам, љубам.

Ви благодарам што ме мотивирате и охрабрувате да бидам подобра личност, што сте позитивната сила во мојот живот и чувствувам дека нема доволно зборови за да објаснам колку многу ми значи тоа.

Ви благодарам...

Извор

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека светот околу нас е почуден и од нашата имагинација Златен инсект, куче со опавче на челото, црвено виножито кое се појавува на полн...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...
Најстарите парчиња облека и модни додатоци кои се најдени досега Чанта која е украсена со заби од животни и е направена пред 4.500 години, очила ...
„Му бев лично обезбедување на папата, како дел од швајцарската гарда – тренирав 4 месеци, го штитев ... Покрај тоа што треба да имаат швајцарското државјанство, стражарите треба да се ...
Пред и потоа фото споредби: Луѓе гордо ја покажуваат новата насмевка, откако ги извадиле протезите Секој кој носел протези многу добро знае дека целото искуство е мошне тешко. Дод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg