Правила на „hygge“ концептот кои треба да ги следите ако сакате да живеете среќен живот како Данците

Веќе сигурно сте запознаени со данскиот концепт и начин на живот, наречен „hygge“, заради кој луѓето таму важат за едни од најсреќни во светот.

pravila-na-hygge-konceptot-koi-kje-vi-go-napravat-domot-poprijaten-a-vas-posrekjni-01.jpg

Покрај добрите услови за живот, за среќата на човекот многу влијае и самиот тој, а hygge претставува уметност за уживање во животот што и да правите.

Пред сè, тоа значи удобна и безбедна животна околина, пријатни собиранки со пријателите и саканите, мирисот на храната и пијалаците, топли ќебиња, семејни пикници, музички фестивали и многу други работи во кои може да уживате и да ве направат среќни во секое време.

Речиси секој може да внесе малку од овој концепт во своето секојдневие и да придонесе за сопствената среќа во животот.

Среќата се наоѓа во малите и едноставни работи, а главни компоненти на hygge се:

  • Пријателска комуникација
  • Удобен и пријатен дом
  • Заеднички одмор и активности
  • Вкусна храна

pravila-na-hygge-konceptot-koi-kje-vi-go-napravat-domot-poprijaten-a-vas-posrekjni-02.jpg

За ова, не е потребно да живеете во Данска, туку само да следите неколку правила:

Удобен дом и канцеларија

Главните принципи на овој начин на живот се кохезија, комфор и способност да се прости.

Организирајте си удобно место каде што ќе поминувате време со пријатели и семејството, ќе пиете кафе, чај или ќе гледате во ѕвездите.

Обрнете внимание на малите работи – не мора да ставите камин во домот, но може да купите меко ќебенце, неколку удобни перничиња, убави свеќи и садови.

Она што најмногу е потребно е светлина, а колку е потопла, толку поудобно ќе се чувствувате.

Ако сакате да внесете од овој концепт во работната околина, не мора да правите реновирање на цела канцеларија, но направете ја место каде ќе сакате да доаѓате и ќе се чувствувате убаво.

Убави шолји, вкусно кафе или чај, растение за на биро и други топли додатоци со кои ќе ја разубавите.

pravila-na-hygge-konceptot-koi-kje-vi-go-napravat-domot-poprijaten-a-vas-posrekjni-03.jpg

Поканувајте пријатели и семејство на гости

Сакајте ги гостите и канете драги луѓе во вашиот дом, организирајте традиционални игри (на пример секоја сабота), а еден ден резервирајте за ручек со целото семејство.

Што повеќе игнорирајте ги електронските уреди, комуницирајте со саканите и споделувајте искуства и радости.

Одењето во кафуле не претставува hyggie туку собирањето луѓе во вашиот дом каде заедно ќе уживате и ќе се чувствувате пријатно во средината.

Постелете убав чаршаф, запалете свеќи, испечете колачи кои ќе замирисаат вкусно и уживајте во дружбата.

pravila-na-hygge-konceptot-koi-kje-vi-go-napravat-domot-poprijaten-a-vas-posrekjni-04.jpg

Уживајте во процесот на готвење

Собиранките во домот се уште попријатни и топли кога на масата има домашно подготвен ручек, додека од кујната доаѓа мирисот на десерт во рерна.

Важно е да научите да уживате во здравата исхрана, како и во домашно зготвената храна, наместо да го гледате тоа како обврска.

Доколку мислите дека не ве бидува, побарајте помош од семејството, така ќе поминете повеќе време заедно и ќе научите нови работи – дупло уживање.

pravila-na-hygge-konceptot-koi-kje-vi-go-napravat-domot-poprijaten-a-vas-posrekjni-05.jpg

Водете активен животен стил

Добрата исхрана вклучува и водење на активен животен стил – одете на пикник во природа, возете велосипеди, пешачете на планини, одете на кампување со семејството, наместо на одмори во хотели, возење со автомобили и вежбање во теретана.

Најдете си друштво што ви одговара и одберете убаво, мирно место каде ќе го поминувате слободното време, а движењето ќе ви донесе задоволство.

pravila-na-hygge-konceptot-koi-kje-vi-go-napravat-domot-poprijaten-a-vas-posrekjni-06.jpg

Облекување во hygge стил

Облекувањето според овој концепт примарно се карактеризира со природни материјали и слоевитост.

Удобноста е на прво место, а топлата облека во свежите денови е најдоброто нешто што прави да се чувствувате пријатно и топло.

Меки џемпери, дуксери, големи меки шалови и марами и други парчиња облека во кои ќе се чувствувате удобно се на врвот на листата.

pravila-na-hygge-konceptot-koi-kje-vi-go-napravat-domot-poprijaten-a-vas-posrekjni-07.jpg

Учете го тоа што го сакате

Животот не треба да ве ограничува само на домашните обврски и на работата која ја имате. Важно е душата да ја храните со креативност и ако сакате да плетете – правете го тоа.

Ако сакате да изработувате нешто рачно – правете го тоа или посетувајте часови за да се усовршите.

Што и да ве прави среќни и исполнети, независно дали е сликање, готвење, изработување нешто – не си ја скратувајте можноста да уживате во истото и исполнете си го времето со таа активност.

pravila-na-hygge-konceptot-koi-kje-vi-go-napravat-domot-poprijaten-a-vas-posrekjni-08.jpg

Што не е hygge?

Кога се оптоварувате вашата облека да биде скапа наместо убава. Кога сакате да одите во скапи ресторани наместо да направите скромна, но вкусна вечера дома со најсаканите во пријатна атмосфера.

Кога домот ви изгледа повеќе на канцеларија отколку на топло место за живот. Наместо да преовладуваат темни ѕидови, метал и прашина од непотребни предмети, обојте го домот во топли бои, со минимум додатоци, овозможете големи количини на светлина и работи кои ве смируваат.

pravila-na-hygge-konceptot-koi-kje-vi-go-napravat-domot-poprijaten-a-vas-posrekjni-09.jpg

Најдете радост во малите и едноставни работи.

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Фигури во форма на слон – Каде треба, а каде не треба да стојат во домот? Слоновите треба да бидат сместени во северниот дел од просторијата и секогаш да ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg