Памет и интелигенција - Зошто некои луѓе се попаметни од другите?

Една од причините поради кои луѓето се чувствуваат неудобно да зборуваат за интелигенција е што сметаат дека таа не може да се надградува.

Pamet-i-inteligencija-Shto-gi-pravi-edni-popametni-od-drugite-01.jpg

Исто така, наследниот фактор само делумно влијае врз тоа колку некој е паметен или интелигентен. Постојаната стимулација на мозокот помага во развивање на различни делови од него, а со тоа се „вежба“ и интелигенцијата.

Со години се верувало дека доколку детето има интелигентни родители и тоа ќе биде интелигентно. Исто така, знаеме и дека памет и интелигенција не значат исто, но се во постојана корелација.

Pamet-i-inteligencija-Shto-gi-pravi-edni-popametni-od-drugite-02.jpg

Најкратко и најопшто кажано, изборите се оние што ги прават луѓето попаметни од другите, додека способноста да собираат информации и да ги употребуваат правилно е карактеристика на интелигенцијата.

Од друга страна, интелигентните луѓе не се неопходно и паметни. Најголемиот проблем се појавува кај оние кои цел живот се „протнуваат“ благодарение на интелигенцијата, без многу да размислуваат. Сепак, за сите доаѓа момент во животот кога треба да размислат и да се преиспитаат и да одлучат што е најпаметно да направат за понатаму.

Pamet-i-inteligencija-Shto-gi-pravi-edni-popametni-od-drugite-03.jpg

Паметните луѓе размислуваат, планираат, согледуваат причини и последици и врз основа на тоа носат одлуки. Интелигентните, пак, попрво би го избрале најлесниот и најкраткиот пат, што не значи и дека е најдобар. Токму поради тоа неретко се случува помалку интелигентна личност попаметно да ја „изигра“ ситуацијата.

Затоа, треба да се знае дека паметот не е дефиниран со коефициентот на интелигенција и не е само збир на когнитивни способности. Понекогаш, дури и да сме генијалци според тестовите за интелигенција, потребно е да ги согледаме нештата од сите страни, за да можеме најпаметно да постапиме.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg