Лоши финансиски навики од кои треба да се ослободите до 30-тата година
До 30-тата година, многу луѓе веќе се самостојни и независни, имаат добра работа, стан, автомобил и семејство.
Но, сепак, има и такви кои уште не успеале добро да се снајдат, независно дали заради некои животни компликации, или едноставно заради недоволно добро менаџирање со финансиите.
Сите имаат некои лоши финансиски навики, но важно е да бидете свесни за нив и да ги сведете на минимум.
За да имате добар и успешен живот и да не правите грешки кои тешко се поправаат по 30-тата, погледнете од кои навики треба да се откажете.
Иако некои се мали и можеби за вас бесмислени, едно по едно тие се таложат и прават проблеми во финансиите.
Во колку од нив се пронаоѓате?
Терапија за смирување со шопинг наместо со саканите
Гледање на парите од кредитна картичка како на ваша сопственост
Јавување преку роаминг наместо користење на wi-fi и онлајн апликации
Планирање на патувања во последен момент наместо однапред кога се поевтини
Плаќање за да бидете претплатени на непотребни онлајн работи
Не купување во поголема количина работи кои ви се неопходни и може да бидат поевтини ако ги купите однапред наместо едно по едно
Неспособност за штедење и тргање барем нешто ситно на страна
Не барање совети од пријатели и семејство кога купувате нешто големо
Купување модни парчиња кои не ви се усогласуваат со стилот и другата облека
Купување кафе секое утро наместо да си правите од дома
Трошење на сите пари кога ќе земете плата, а крајот на месецот едвај го преживувате
М. М. | Црнобело