5 митови за женско тело кои ги гледаме во филмовите

Понекогаш филмовите можат навистина да ја искриват реалноста и да доведат до погрешни сознанија од повеќе области.

5-mitovi-za-zhensko-telo-koi-gi-gledame-vo-filmovite-01.jpg

Кога е во прашање женското тело, тоа е сосема погрешно претставено на филмското платно, од аспект на физиологијата и биологијата.

Не е тешко да се проверат вистините и фактите на интернет или во книга, особено следниве:

Мит 5: За жена да достигне оргазам потребно е само малку „триење“

Секс-сцените во филмовите прикажуваат сосема погрешна реалност, дека жената може да доживее оргазам само од допирот со рака или само по неколку стимулации.

Оние кои се поискусни, знаат дека сепак не е толку краток и лесен тој процес, ниту пак се создава возбуда само по еден страствен бакнеж. Вистината е дека сексот во реалноста е проследен со многу други нешта, како што се предиграта или оралната стимулација, пред партнерите да постигнат оргазам.

Мит 4: Откако ќе пукне водењакот, бебето излегува за 10 минути

Во филмовите, пукањето на водењакот е проследено со голема паника и брзање, бидејќи бебето може да излезе во секој момент.

Но, ако веќе сте родиле дете, свесни сте дека не е така. Ако не сте родиле, тогаш верувајте ѝ на роднината или пријателката која ви раскажува дека од пукањето на водењакот поминале часови и часови до конечното породување.

Наспроти она што ни го сервира Холивуд, на многу жени всушност им се пука водењакот со помош на лекарски инструмент, кога одат да се породат.

5-mitovi-za-zhensko-telo-koi-gi-gledame-vo-filmovite-02.jpg

Мит 3: Породувањето е само неколку болни напнувања

Од една страна, породувањето на филмови изгледа многу болно, но во исто време и многу брзо. Во реалноста, доста поголем е бројот на жени чие породување трае долго, некогаш и околу 24 часови, поради недоволно отворање или дозирање на провокациите.

Исто така, природниот нагон за раѓање предизвикува жената да се однесува токму така како што треба, а не препотениот сопруг и лекарот да ја потсетуваат дека треба да дише или посилно да напне.

Мит 2: Пилулите „ден потоа“ предизвикуваат ран абортус

Поборниците против абортус често ги поистоветуваат „ден потоа“ пилулите со индуциран абортус. Иако навистина постојат лекови кои некаде во светот се легални и кои може да предизвикаат исфрлање на плодот, „ден потоа“ се нешто сосема друго.

Овие пилули се форма на контрацепција која се зема 12, 24 или најдоцна 3 дена по ризичниот однос (зависно од производителот и комбинацијата), за да може да се спречи оплодувањето. Затоа и се нарекува контрацепција во итни случаи и не смее да се користи како редовно контрацептивно средство.

5-mitovi-za-zhensko-telo-koi-gi-gledame-vo-filmovite-05.jpg

Мит 1: Вагината и сè околу неа

Во многу филмови има сосема погрешна претстава за антомијата на женската интима, но и за нејзиниот начин на функционирање.

Погрешно е и верувањето дека невиност се губи кога се „кине“ хименот, бидејќи кај многу девојки се оштетува во текот на животот поради повреди, гимнастика, јавање и слични активности. Исто така, ретко кое губење невиност остава огромна крвава трага на постелнината, ниту пак секоја девојка чувствува болка при тој чин.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg