Научете да ја слушате: Кои се сигналите на вашата интуиција?
Сите ние имаме интуиција, но многу често таа интуиција не е негувана.
За разлика од тоа, нашите стравови се многу поизразени и погласни, па многупати гласот на стравот е погласен, иако можеби не сме свесни за тоа.
Кога учиме да ја развиваме својата интуиција, една од најчестите пречки е што многу често не знаеме да ги разликуваме гласот на интуицијата и гласот на стравот кој потсвесно ни се јавува во умот.
Општеството, но и целиот наш живот, најчесто се водени од стравот. Страв дека не придонесуваме доволно, страв дека немаме или нема да имаме доволно пари, страв дека не изгледаме доволно добро, страв дека во секој момент може да се случи земјотрес или терористички напад, страв дека се разликуваме од другите кои ги гледаме како подобри од нас и така натаму.
Еве некои од главните знаци за да препознаете дали имате интуиција или страв:
Интуиција
Имате внатрешно чувство како нешто да „знаете“, наместо логична или емоционална реакција Пораката веднаш ја чувствувате или слушате, пораката е флуидна и не се повторува Пораката е јасна, речиси како одговорот да е црно-бел или како да не е потребна анализа Пораката е едноставна и пријатна и ви делува како да е „исправна“ Пораката дава чувство на љубов и потпора, како да е експанзивна Пораката е насочена на сегашниот момент.
Страв
Предизвикува чувство на тежина, во одредени ситуации може дури да предизвика и физички симптоми како што се главоболка или болка во желудникот.
Пораките на страв предизвикуваат адреналин кој може да активира реакција „бегај или бори се“, па може да направи да преземете одредени мерки за да почувствувате олеснување Пораката може да биде многу гласна, дури може и да се повторува и да предизвика претерано да ја анализирате Порака во која има многу варијации, порака полна со „што ако“, што може да доведе до конфузија и чувство дека сте заглавени во проблемот Пораката е многу остра и рестриктивна. Пораката е обично насочена кон иднината или некои сценарија кои уште не се случиле.
Направете јасна дистинкција
Најдобриот показател кога работите со својата интуиција е вашиот интуитивен глас кој не создава физичка или премногу емоционална реакција, додека стравот го прави токму тоа.
Меѓутоа, работите можат да станат малку комплицирани, бидејќи понекогаш нашата интуиција може да ни шепоти порака која предизвикува страв, така што ќе бидете во голем интуитивен неред кој се темели на страв.
Понекогаш, еден од начините со кој можете да дознаете дали во моментот го чувствувате гласот на интуицијата или гласот на стравот е да вежбате и да го следите своето „чувство од стомакот“, тоа најдобро ќе ви покаже со која енергија работите.
Но, постои еден „алат“ кој може да биде уште покорисен, а тоа е да се спријателите со својот страв. Во секојдневниот живот ни е потребен стравот, бидејќи тоа е чувството што не штити и до некаде не спречува да западнеме во опасни ситуации. Стравот понекогаш може да биде и голем мотиватор и може да ни помогне да ги совладаме предизвиците и препреките. Стравот исто така е знак дека сме подготвени да ризикуваме, да се менуваме и да растеме.
Најдобар начин да се спријателите со својот страв е да го слушате што има да ви каже и да го препознаете неговото присуство. Кога ќе го направите тоа, ќе бидете во можност подобро да рационализирате и тогаш ќе можете да препознаете дали има вистина во него или во најголема мера тој глас се темели на невистини.
Кога го слушате вашиот страв без да донесете одлука, во тој момент создавате повеќе простор за својата интуиција. Всушност, тогаш кога ќе успеете да ги помешате пораките на стравот со пораките на својата интуиција, ќе започнете да создавате некаков склад.
Еве неколку чекори кои ќе ви помогнат во овој процес:
1. Одржувајте го умот чист. Чистиот ум е поотворен за интуитивни пораки, додека преполниот и зафетен ум е почувствителен на пораки кои се основани на страв.
2. Утврдете дали се работи за страв или за интуиција така што ќе ги употребите своите чувства, а не логика.
3. Ако веќе сте го идентификувале стравот, разберете ги и смирете ги своите мисли со помош на рационализација или медитација.
4. Ако сте ја идентификувале интуицијата, преземете ги мерките кои одговараат на ситуацијата за да го следите своето претчувство. Доколку сè уште не сте сигурни, верувајте во тоа дека поракате ќе ви се открие на време.
Е. Д. | Црнобело