Јапонците имаат сè, па дури и некој што ќе даде отказ место нив

Давањето отказ не е нешто што го правиме секој ден, а не е ниту лесно да го соопштиме на работодавецот и колегите.

japoncite-imaat-se-pa-duri-i-nekoj-shto-kje-dade-otkaz-mesto-niv-01.jpg

Многумина останале на работно место што не им одговара само затоа што не собрале храброст навреме да си заминат. Исто така, воопшто не е пријатно да му се каже на работодавецот дека што и да понуди, не може да ве задржи на сегашното работно место.

Но, Јапонците нашле решение и за тоа.

Една јапонска старт-ап компанија со симболично име „Exit“ нуди услига да даде отказ место работникот. Тие подготвуваат целосна документација и говор и го посетуваат работодавецот и му соопштуваат дека неговиот работник веќе нема да работи за нив.

Според основачот Тошојуки Нино, ова е олеснувачки и за шефот и за вработениот, бидејќи ја нема непријатноста од директна средба и презентирање на причините.

Оваа услуга ја наплаќаат 450 долари, а доколку имаат постојан клиент, одобруваат попусти и до 90 долари од отказ.

japoncite-imaat-se-pa-duri-i-nekoj-shto-kje-dade-otkaz-mesto-niv-02.jpg

Како функционира тоа?

Откако работникот ќе ги ангажира, тие имаат за задача само да му соопштат на работодавецот и да го информираат клиентот за тоа дали има одредени барања за неговото преостанато време во компанијата.

Правните формалности не се во нивниот домен и тоа го средуваат двете засегнати страни.

Зошто ова започна токму во Јапонија?

Јапонците имаат традиција на лојалност, а отказот не е знак на нешто такво. Затоа, секогаш е полесно некој друг да го направи тоа наместо нив.

Често се случувало работникот поради грижа на совест и поради добрата воспитаност да подлегне и да остане во фирмата. Токму ова, било инспирација за создавање на фирма која нуди услуга да го направи тоа наместо работникот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg