Психолошки трикови кои ќе ви помогнат да трошите помалку пари на шопинг

Не сте ни први ни последни доколку се пронајдете во групата на луѓе кои трошат повеќе од замисленото кога одат на шопинг.

psiholoshki-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-troshite-pomalku-pari-na-shoping-01.jpg

Кај многумина на тоа влијаат различни фактори, како природата на човекот, самоконтролата, но и маркетиншките трикови.

Сепак, според психолозите, постојат начини на кои може да го „прелажете“ умот и да спречите да трошите дополнително и непотребно.

Со неколку совети, помалку ќе „паѓате“ на маркетиншки трикови и ќе потрошите помалку од вообичаено.

Трикови кои ќе ви помогнат во тоа:

Сезонските декорации се замка – посебно кога во излозите преовладуваат црвена и зелена боја која ве стимулира да трошите.

psiholoshki-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-troshite-pomalku-pari-na-shoping02.jpg

Кога одите на шопинг носете високи потпетици – така побрзо ќе се изморите и ќе го барате само неопходното.

psiholoshki-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-troshite-pomalku-pari-na-shoping-03.jpg

Користете нови банкноти – многу луѓе сакаат да си ги задржат за себе новите банкноти, а повеќе се склони кон трошење на старите.

Направете разумна пауза – откако ќе најдете нешто што ви се допаѓа, тргнете се настрана и размислете.

Дали ви треба, за што ви треба, со што ќе платите, каде ќе го ставите, а откако ќе одговорите на ова, ќе сфатите дали треба да се вратите да купите или не.

psiholoshki-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-troshite-pomalku-pari-na-shoping-04.jpg

Лимитирајте го бројот на продавници во кои ќе влезете – не практикувајте непланирано шетање, бидејќи во колку повеќе продавници влезете, толку повеќе ќе потрошите.

Одлучете однапред што ви е потребно и во кои продавници може да го најдете истото, па влезете само таму, за да не најдете дополнителни „неопходни“ работи.

Не се спријателувајте со продавачите – колку повеќе комуницирате со нив, толку полесно ќе ве натераат да купите нешто и потешко ќе ви биде да си отидете со празни раце по толку „муабетење“.

psiholoshki-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-troshite-pomalku-pari-na-shoping-05.jpg

Оставете ги картичките дома – однапред одлучете колку пари сте подготвени да потрошите за неопходното, земете кеш и оставете ги картичките дома за да не може да купувате до бесконечност непотребни работи.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
6 психолошки трикови за полесно да ги разберете луѓето „Ако некој се лути заради глупости, тоа значи дека му е потребна љубов“. Прочита...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg