Kако карањето со братот/сестрата ве прави подобар човек подоцна во животот?

Ја делевте собата, играчките, облеката, обврските околу домот и сè беше причина за конфликт? Не грижете се, здраво е.

kako-karanjeto-so-bratot-sestrata-ve-pravi-podobar-chovek-podocna-vo-zivotot-01.jpg

Како и повеќето луѓе, сигурно сте имале кавги со вашиот брат/сестра. Од тоа кој добил подобар третман од родителите, па до позајмување на облека без прашање и издавање на тајни, причините за размена на жестоки зборови се многу.

Сега најверојатно сте возрасни и зрели индивидуи, но дали знаете дека токму таа здрава доза на ривалство помеѓу вас и вашиот брат/сестра ве направиле тоа што сте?

Едно истражување покажа дека токму умерените конфликти меѓу браќата и сестрите се важни за развојот на социјалните вештини.

kako-karanjeto-so-bratot-sestrata-ve-pravi-podobar-chovek-podocna-vo-zivotot-02.jpg

Истражувањето „Toddlers Up“ во кое во текот на 5 години биле набљудувани 140 деца открило дека колку повеќе се карате со братот/сестрата, колку повеќе тој/таа се обидува да ве потисне, толку подобро ги учите комплексните лекции за комуникацијата и моќта на јазикот.

Колку повеќе се вознемирувате еден со друг, толку повеќе учите да ги регулирате своите емоции и сфаќате како тие влијаат на емоциите на луѓето околу вас.

Се разбира, ривалството не треба да ги премине сите граници и да се претвори во нешто негативно. Ако има насилство, тогаш е сигурно дека и подоцна во животот ќе се појави агресија и незадоволство.

Мразењето еден со друг не е во ред, но умерено карање очигледно не само што не е штетно, туку е и корисно.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
8 знаци дека облеката е неквалитетна (и ќе се уништи по 2-3 носења) Џемпери кои имаат повеќе акрил отколку природни материјали и несиметрични џебови...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg