6 совети од пилот како да се однесувате во случај на авионска несреќа

Запомнете дека вие со останатите патници сте еден тим за излез од критичната ситуација, па обидете се да го смирите човекот до вас.

6-soveti-od-pilot-kako-da-se-odnesuvate-vo-sluchaj-na-avionska-nezgoda-01.jpg

Голем број луѓе страдаат од аерофобија - страв од летање. Некои се загрижени за временските услови, други за техничките проблеми, но главната мисла на сите им е што ако авионот падне.

Најважно е да ги слушате стјуардесите кои при секој лет ги повторуваат правилата за безбедно патување и реакција во итна ситуација.

Сепак, еден американски пилот открива што треба да правите во случај на паѓање на авионот:

Испитајте ја локацијата на излезите за итен случај

Дури и пред полетувањето, погледнете каде се излезите за итни случаи. Некои од нив на пример не може да се користат во случај на слетување во вода.

За секој случај избројте колку седишта има до најблискиот излез до вас. Ќе ви биде корисно ако има чад во авионот и не можете да гледате каде се движите.

6-soveti-od-pilot-kako-da-se-odnesuvate-vo-sluchaj-na-avionska-nezgoda-02.jpg

Ослободете се од вишокот работи на вас

Тргнете ги ременот, краватата, соблечете ги чевлите или високите потпетици. Извадете сè од џебовите, а во рака земете ги само најважните работи, како на пример диоптерските очила, ако навистина не можете без нив.

Секој предмет може да биде причина за повреда или за заглавување некаде при излегувањето.

6-soveti-od-pilot-kako-da-se-odnesuvate-vo-sluchaj-na-avionska-nezgoda-03.jpg

Слушајте ги командите од екипажот

Дури и да владее паника и хаос, мора да слушате што ви зборува стјуардесата и пилотот. Ако авионот е спуштен на земјата, не трчајте веднаш кон излезот ако ви советуваат поинаку.

На пример при слетување на вода ќе ви кажат дека не мора да го ставите елекот за спасување веднаш затоа што во случај авионот да почне да се полни со вода ќе се најдете во замка. Ако ви се случи ова, само соблечете го елекот од вас и држете се за него. Може да издржи двајца патници вака.

6-soveti-od-pilot-kako-da-se-odnesuvate-vo-sluchaj-na-avionska-nezgoda-04.jpg

Тргнете го телефонот

Видео од незгодата може да ви донесе многу пари подоцна, но поради снимањето можете да си го загрозите животот така што нема да забележите некој клучен детаљ.

Плус, дури и во најлош случај сигурно не сакате снимањето со телефон да биде последното што ќе ви биде на ум во животот.

6-soveti-od-pilot-kako-da-se-odnesuvate-vo-sluchaj-na-avionska-nezgoda-05.jpg

Подгответе се за пожар

Ако гледате дека нешто не е во ред, подгответе парче облека и по можност наводенете го.

Во случај на пожар лазете по подот и држете го на уста.

6-soveti-od-pilot-kako-da-se-odnesuvate-vo-sluchaj-na-avionska-nezgoda-07.jpg

Бидете хумани

Што и да се случи не смеете да паничите и со тоа да го загрозите животот на другите луѓе. Бидете хумани и ако има некој нервозен патник до вас, кој не ги следи наредбите на екипажот, обидете се да го смирите и да му помогнете.

Запомнете дека за излегувањето од критичната ситуација мора да делувате како еден тим.

6-soveti-od-pilot-kako-da-se-odnesuvate-vo-sluchaj-na-avionska-nezgoda-06.jpg

Тајните од стјуардесите во прва класа!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg