Работи за себе во кои е време да престанете да верувате по 40-тата година

Работите многу се менуваат во текот на животот, посебно кога ќе стигнете до 40-тата година и веќе имате искусено многу работи.

raboti-za-sebe-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-po-40-tata-godina-01.jpg

Дел од целите ви се исполнети, но поставувате нови, се посветувате на различни работи и искуството ви влијае на многу одлуки.

Сепак, тоа не значи дека не се прават грешки. А, најважно е да ги избегнете оние кои зависат од вас и врз кои имате контрола.

Секако, тоа се вашите мисли кои постојатно ве мачат, а си ги создавате сами непотребно.

Погледнете кои се работите за себе во кои треба да престанете да верувате по 40-тата:

„Многу сум чуден/а и никој не ме разбира.

Заменете со: „Различен/а сум и тоа ме прави уникатен/а.“

raboti-za-sebe-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-po-40-tata-godina-02.jpg

„Никогаш нема да бидам доволно добар/а независно колку се трудам.“

Заменете со: „Неуспехот е дел од учењето, а не дефиниција за тоа што сум.“

„Ако не можам да го направам совршено, не вреди воопшто да го правам.“

Заменете со: „Обидот да се направи нешто ново е секогаш исплатлив дури и ако не изгледа така.“

„Шефот мисли дека сум ужасен/а на работа.“

Заменете со: „Шефот ми дава конструктивни критики за тоа како треба да ја завршам работата најдобро што можам.“

raboti-za-sebe-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-po-40-tata-godina-03.jpg

„Сите се подобри од мене.“

Заменете со: „Социјалните медиуми не се мерило за реалноста и не може да се споредувам врз база на тоа.“

„Штом досега не си најдов некој, значи засекогаш ќе останам сам/а.“

Заменете со: „Тоа што сега не можам да го најдам вистинскиот партнер, не значи дека никогаш нема.“

raboti-za-sebe-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-po-40-tata-godina-05.jpg

„Морам да ослабам многу бидејќи никогаш нема да си најдам дечко/девојка.“

Заменете со: „Сите изгледаме различно и тоа е тоа што нè прави посебни. Ќе најдам некој што ќе ме сака ваков/ваква.“

„Ќе бидам среќен/а само кога ќе ја постигнам следната зацртана цел.“

Заменете со: „Среќен/а сум и сега за многу работи што ми се случиле досега и на кои сум благодарен/а, а тогаш уште повеќе ќе се расувам.“

„Ова е најлошото нешто што ми се случило.“

Заменете со: „Сите имаат падови и лоши денови. Ќе поминам преку ова.“

„Не можам да излезам без шминка.“

Заменете со: Во ред е да не сум нашминкана 24/7, никој не е совршен.

raboti-za-sebe-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-po-40-tata-godina-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
24 работи што треба да престанете да ги правите во 2024 (за да бидете посреќни и поуспешни) Престанете да им посветувате време на погрешните луѓе, да се плашите да влезете ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg