8 одлични активности за кои не ви се потребни пари и телефон

Интересните активности не секогаш подразбираат дека мора да имате пари и мобилен телефон, како што всушност се навикнавме во последниве години. 

8-odlichni-aktivnosti-za-koi-ne-vi-se-potrebni-pari-i-telefon-001.jpg 

Постојат многу активности благодарение на кои ќе ни биде интересно дури и без она „нужно зло“ на модерното време.

По напорната недела, која многу често од нас бара да поминуваме многу часови пред мониторите, затворени во канцелариите, потребно е да направиме детоксикација од сета електроника која нè опкружува и да се посветиме на одмор и на нештата кои нè прават среќни и со кои ги полниме батериите.

Следните активности не бараат ниту пари ниту користење на мобилен телефон, туку само ваше присуство и желба да го направите тоа. 

Пишување

Сеедно дали станува збор за дневник, поезија или можеби роман, пишувањето е одличен издувен вентил преку кој имате можност вашите мисли да ги пренесете на хартија.

Кафе со личност која ви е драга

Сетете се на добра пријателка која одамна не сте ја виделе, некоја роднина или можеби сосетката, викнете ја на кафе и колачиња. Ќе се изненадите колку многу имате да си кажете една на друга.

8-odlichni-aktivnosti-za-koi-ne-vi-se-potrebni-pari-i-telefon-02.jpg

Волонтирајте

Освен што правите добро дело, на овој начин се градите себе како личност. Одберете некоја установа или општествено здружение во кои сакате да придонесете и одлучете да им помогнете на оние на кои тоа им е потребно.

Играње или шетање во природа со милениче

Земете го вашето куче после работа и одете на прошетка во природа. Земете и топче, па забавувајте се во блискиот парк. Доколку немате свое куче, прашајте го соседот дали може да го прошетате неговото.

Докажано е дека животните имаат терапевтско влијание врз човекот и дека делуваат антидепресивно. Секако, не мора да станува збор само за куче, можете да си играте со мачката, хрчакот или зајачето.

Секое животно е посебно на свој начин, а вам ќе ви биде добредојдено нивното друштво, без присуство на телефонот.

8-odlichni-aktivnosti-za-koi-ne-vi-se-potrebni-pari-i-telefon-005.jpg

Посета на книжарница или библиотека

Нема поубаво чувство од тоа да се изгубите во мирисот на книгите и интересните наслови. Преубавите корици, сеедно дали станува збор за некое ново издание или некоја стара книга, која меѓу своите редови крие тајна која чека да биде прочитана.

Ова е одличен начин да се ослободите од насобраниот стрес.

8-odlichni-aktivnosti-za-koi-ne-vi-se-potrebni-pari-i-telefon-06.png

Чистење на плакарите

Наутро не можете да најдете што да облечете? Имате толку многу работи, некои купени вчера, а некои не сте ги носеле дури неколку години. Некои веќе воопшто не ви се ни точни. Ослободете го вашиот плакар од непотребните работи.

Додека го средувате ормарот ќе бидете физички активни и ќе потрошите малку енергија, но ќе си заштедите време и непотребни нервози во утринското нуркање меѓу сета таа непотребна и расфрлана облека.

Едноставно е нели, после чистењето сигурно ќе се чуствувате одлично.

8-odlichni-aktivnosti-za-koi-ne-vi-se-potrebni-pari-i-telefon-03.jpg

Време поминато со најблиските

Посветете им малку внимание на членовите од семејството кои речиси и не ги гледате преку работната недела. Пренатрупани обрски, различни смени, прекувремено работење, службени патувања...

Сето тоа може да ве оддалечи, иако сте многу блиски. Покажете интересирање за нивните животи и предложете им некоја заедничка активност. Квалитетно поминатото време со најблиските е непроценливо.

Грижа за билките и собните цвеќиња

Засадете некој цвет или можеби некоја овошка или зеленчук. Редовно грижете се за него, негувајте го и пружајте му љубов. Сигурни сме дека ќе се почуствувате многу горди кога ќе ги видите плодовите на својот труд.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg