Понекогаш дури и Универзумот ви дава знаци кога нешто правите погрешно

Многу луѓе во светот одбиваат да се потпрат на својата интуиција и на знаците кои Универзумот им ги дава. Тие сметаат дека најдобрите одлуки ги носат само мислејќи со ладна глава.

ponekogash-duri-i-univerzumot-vi-dava-znaci-koga-neshto-pravite-pogreshno-01.jpg

Сепак, како што ништо не е апсолутно црно или апсолутно бело, така и вашиот став кон животот треба да биде комбинација од следење на умот, но и на срцето. Она што не треба да го игнорирате се јасните знаци кои Универзумот ви ги праќа.

Со помош на интуицијата, често можете да избегнете многу непријатни ситуации. Постојат илјадници примери кога луѓето го послушале внатрешниот глас и тоа, практично, им го спасило животот.

Нашата свест е преполна со информации кои ги впиваме од светот околу нас, па често забораваме да се фокусираме на внатрешниот глас, кој најчесто, е непогрешлив. Општо земено, не можеме целосно да се потпреме на интуицијата, но ако ја земеме предвид кога носиме важни одлуки.

Предупредувачките пораки од Универзумот се појавуваат во облик на неповолни околности, кои треба да ги препознаете. Тие ви се случуваат речиси секогаш кога ќе тргнете да направите нешто. Ви се испречуваат на патот, ве спречуваат, а по кратко време сфаќате дека ако не се случело тоа, ќе сте постапеле погрешно или ќе сте биле доведени во опасност.

ponekogash-duri-i-univerzumot-vi-dava-znaci-koga-neshto-pravite-pogreshno-02.jpg

Ова се само неколку примери на пренасочување на негативната енергија, кога ви се случува нешто непријатно, но спречува последица која би била далеку полоша:

- Удирање на ножниот палец

- Застој во сообраќајот

- Непријатни забелешки од другите

- Случајна мала повреда

- Неочекувани трошоци

- Силно чувство дека нешто не е во ред

- Караница со блиските

- Настинка

- Главоболка

- Губење на предмет

Размислете, дали ако некоја од овие појави не се случеле, можеби ќе сте биле изложени на нешто далеку поопасно?

Затоа, прилагодете ја својата фреквенција. Не водете се слепо по патот кој ви го покажува срцето, но не го правете тоа и со умот. Најдете го совршениот баланс и станете интуитивна личност која размислува со својата глава.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg