12 правила за позирање на плажа кои ќе ве направат ѕвезда на социјалните мрежи
Во ова модерно време каде социјалните мрежи имаат огромна популарност, многумина сакаат да направат добри фотографии од одморите и патувањата.
Но, дури и да не сте опседнати со социјалните мрежи, тоа не мора да значи дека не треба да направите добри фотки кои ќе изгледаат како на професионалци.
Сепак, многупати се случува да не си се допаѓате на фотките од плажа и да не успеете да ги покриете недостатоците, па дури и да ви испаднат понагласени од што се.
Затоа, ви препорачуваме неколку правила за позирање со кои сигурно ќе направите добри слики:
Правило бр. 1
Кога се сликате со гума во раце, немојте да ја ставате пред вас, бидејќи големите предмети може визуелно да ви ја пресечат фигурата на половина.
Подобро ставете ја гумата малку странично–тоа ќе ви помогне да истакнете некои делови од телото и да ги скриете недостатоците.
Правило бр. 2
Кога позирате покрај базен, избегнувате прави линии. Запомнете дека нозете не треба да ви се рамно и еднакво поставени, туку подобро е да ја подигнете онаа нога која е подалеку од камерата.
Исто така, свиткајте ја малку настрана половината за да изгледате потенко.
Правило бр. 3
Кога се фотографирате целосно од глава до пети, заборавете на војничкиот став со нозе и раце во ширина на рамена.
Кога стоите директно пред камера, телото ја губи убавината на облините и изгледа рамно.
Затоа благо завртете се настрана, да ви се забележува и профилот и цело лице, така што ќе ја истакнете и женственоста на телото и фигурата.
Ако можете, земете нешто во рака, допирајте си ја косата или потпрете ја едната рака на нешто за да не ви виси.
Правило бр. 4
Не заборавајте да користите модни додатоци кои може да ви помогнат да ги истакнете потребните делови од телото.
Ако имате мало стомаче, заврзете парео на колковите – половината визуелно ќе изгледа потесна.
Исто така, запомнете дека кога се сликате со парео, треба да сте свртени со лицето кон камерата, бидејќи ако се сликате одзади, ќе ве направи целосно рамни и без облини.
Правило бр. 5
Ако сакате да направите фотка како лежите на лежалка, немојте да се вртите со лицето кон камерата зад вас, бидејќи оваа поза го деформира изгледот – лицето ви изгледа прегломазно, а нозете прекратки.
Најдобро е нозете да ви се во преден план, за да изгледаат подолги. Исто така не заборавајте малку да ја свиткате половината за на површината да се допирате само со главата, рамената и задникот.
Стапалото кое е поблиску до камерата треба да биде малку свиткано, а коленото кренато.
Правило бр. 6
Немојте да се сликате легнати, но потпрени на лактите и свиткани во горниот дел. Со оваа поза може да се појават набори во делот на стомакот, половината и кај рацете.
За да изгледате послабо и потенко, легнете на грб исправено и во поза како да се тегнете.