12 правила за позирање на плажа кои ќе ве направат ѕвезда на социјалните мрежи

Правило бр. 7

Секогаш внимавајте на ставот, бидејќи искривениот грб може да ја уништи и најдобрата фотка.

За да ја нагласите женственоста и убавите облини, кренете се благо на прсти и малку свртете се на страна, така што благо ќе се истакне задниот дел од телото.

pravila-za-poziranje-na-plazha-koi-kje-ve-napravat-dzvezda-na-socijalnite-mrezhi-08.jpg

Правило бр. 8

Кога се сликате во седечка положба, гледајте колената да не се директно изложени пред камерата, бидејќи така нозете изгледаат многу поголеми.

Седнете странично поставени кон камерата, со исправени рамена и едното завратено наназад, а ногата која е подалеку од камерата благо поткренете ја.

pravila-za-poziranje-na-plazha-koi-kje-ve-napravat-dzvezda-na-socijalnite-mrezhi-09.jpg

Правило бр. 9

Ако долниот дел од телото не ви е совршен, може да го покриете така што ќе се сликате од половина нагоре, а долниот дел ќе ви биде во вода.

Така ќе се фокусирате на деколтето, а не на проблематичните делови.

Во овие пози, внимавајте вратот секогаш да ви е исправен и истегнат, а не да го покривате така што ќе ги споите брадата и рамената.

pravila-za-poziranje-na-plazha-koi-kje-ve-napravat-dzvezda-na-socijalnite-mrezhi-10.jpg

Правило бр. 10

Кога позирате со предниот дел на лицето и телото, не треба да бидете сликани одозгора бидејќи така визуелно се скратувате, вратот се губи, а не нагласувате ништо посебно.

Најдобро е фотографот и камерата да бидат на иста висина со вас, а вие да ги доближите рацете до телото и да ги кренете благо рамената нагоре за да ја нагласите грациозноста и женственоста, а да изгледате визуелно подолги.

pravila-za-poziranje-na-plazha-koi-kje-ve-napravat-dzvezda-na-socijalnite-mrezhi-11.jpg

Правило бр. 11

На фотографиите во списанијата и рекламите, моделите со мокра коса секогаш изгледаат секси, но тоа е најчесто заради дополнителните ефекти и фотошопирањето.

Во реалноста, мократа коса изгледа залепено, а ушите се истакнуваат многу повеќе.

Затоа подобро е да се сликате со полу-сува коса за да добиете поубав волумен.

pravila-za-poziranje-na-plazha-koi-kje-ve-napravat-dzvezda-na-socijalnite-mrezhi-12.jpg

Правило бр. 12

За да излезете добро на фотографиите добро е да ја имате на ум и асиметријата.

На пример кога се сликате целосно, свиткајте ја едната нога и спротивната рака.

Асиметричните линии додаваат природен изглед, додека исправените раце и нозе кои се еднакви ќе направат да изгледате поголемо.

pravila-za-poziranje-na-plazha-koi-kje-ve-napravat-dzvezda-na-socijalnite-mrezhi-13.jpg

М. М. | | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Совети и бон-тон правила со кои ќе ги избегнете незгодите на плажа Не оставајте дупки на плажата ако вашите деца си играле и не разменувајте нежнос...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
7 супер трикови со кои ќе изгледате повисоко и послабо на фотките Не го стегајте рамото до телото, туку оддалечете ја раката од торзото; застанете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg