25 мали потсетници кои ќе ви помогнат да го истуркате и најтешкиот ден

Сите понекогаш се соочуваме со тешки денови, но важно е како ќе ги пребродиме.

25-mali-potsetnici-koi-kje-vi-pomognat-da-go-isturkate-i-najteshkiot-den-01.jpg

Секако во тие ситуации ретко кој успева да остане оптимистичен, но доколку најдете неколку работи за кои вреди да продолжите, ќе ви биде многу полесно.

Следниве работи треба да ви служат како потсетници кои ќе ви помогнат да го истуркате секој лош ден и да го дочекате новиот.

1. Сите сме имале лош ден и не сте единствени.

2. Утрешниот ден гледајте го како нов почеток и избришете го денешниот.

3. Сите поминале низ загуба, но најдобрите приказни и искуства се создаваат кога ќе станете посилни по загубата.

4. Сè уште сте живи и дишете.

5. Тоа што го чувствувате денес не ве дефинира како личност.

6. Времето навистина лечи поголем дел од работите.

7. Дозволено ви е некогаш да не ви е сè како што треба.

8. Анксиозноста и депресијата не се нешто за срамење, побарајте помош.

9. Некој на овој свет се грижи за вас и мисли на вас.

10. Споредувањето со другите нема да направи ништо освен што ќе ви го уништи умот.

11. Секој е опседнат со себеси и веројатно нема да забележи некои недостатоци што си ги гледате.

12. Секој ден е подарок што треба да го искористите да направите нешто ново.

13. Не ги кријте во себе негативните чувства. Споделе ги со некого.

14. Дури и ако денешниот ден е ужасен, утрешниот може да ви биде најдобриот во животот.

15. Денес не е засекогаш.

16. Ако живеете, уште преживувате и станувате посилни.

17. Не е криминал да си земете слободен ден од реалниот свет и да се посветите на себеси.

18. Најубавите работи кои може да ги добиете од животот се бесплатни.

19. Најлошите денови нема да бидат толку запомнети како добрите кои тек ќе доаѓаат.

20. Ако сте цело време среќни, нема да добиете добро искуство и нема да научите ништо за себе.

21. Ако имате кров над глава, веќе имате една голема работа за која треба да се радувате.

22. Не дозволувајте демоните од минатото да ви ја уништуваат иднината.

23. Преземањето бебешки чекори е подобро отколку да не преземете ништо.

24. Болката е минлив момент, не е цел живот.

25. Тука сте бидејќи сте посебни. Не дозовлувајте еден ден да ви уништи сè.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 мали потези со кои луѓето секојдневно придонесуваат за подобро општество - Ги правите ли и вие? Гледам на страна кога некој на банкомат си ја внесува лозинката. Секогаш ја враќ...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg