Кои се најпопуларните српски блогерки и јутјуберки што прават „пуздер“ на интернет?

Дуња Јованиќ – Fashion Babe by Dunja Jovanic

Таа е „царот“ на секојдневните видео записи популарно наречени влогови. Соработува со многу успешни брендови, а позната е по својот хумор и пријатната насмевка.

Во нејзините комични видеа најчесто се појавуваат баба ѝ Мира, кученцето Бејби и нејзината другарка, популарната пејачка Сара Јо.

Дуња дефинитивно живее гламурозен живот, а доказ е нејзиниот Инста-профил.

Najpopularnite-srpski-blogerski-i-jutjuberski-pravat-puzder-na-pazarot (5).jpg

Бојана Костиќ – Taste of Fashion

За неа ќе кажат дека е дефинитивно најубавата српска блогерка без шминка.

Сосема природна и спонтана, Бојана ги освојува обожавателите со деталните рецензии за декоративна и препаративна козметика. Но, таа е и успешен шминкер која заработува и надвор од каналот на YouTube и Instagram профилот.

Освен многуте едукативни совети, Бојана добро умее да се снајде и во кујната, односно одлично готви.

Неодамна стана бренд амбасадор на Becca козметичката линија за Србија.

Najpopularnite-srpski-blogerski-i-jutjuberski-pravat-puzder-na-pazarot (4).jpg

Ружица „Ружа“ Рупиќ – Ruzica Rupić

Можеби најозборуваната од сите блогерки и јутјуберки во Србија, 16-годишната Ружа ја започна својата кариера уште на 13 години, откако ја удрил автомобил на улица, ја скршила ногата и започнала да снима видеа со цел да си го исполни времето.

Она што започнало од чиста досада, денес резултира со 3 нејзини песни и спотови (Ружа е поранешен натпреварувач со ТВ шоуто „Пинкови ѕвездички“), многубројни соработки со познати брендови и настапи на фестивалот Balkan Tube Fest кој се одржува во различни делови на регионот.

Ова се нејзиниот YouTube канал и Instagram профил.

Najpopularnite-srpski-blogerski-i-jutjuberski-pravat-puzder-na-pazarot (3).jpg

Софија Гријак Иличиќ - Sofija Grijak Ilicic

Софија е поранешна манекенка и модел кој не успеала да се пронајде во овие води. Она што најмногу ја интересирало – шминката, денес е нејзиниот главен избор на заработувачка, бидејќи е успешна (иако самоука) шминкерка и сопственик на салонот за убавина Sophie’s Choice.

Сопруга и мајка на 2 прекрасни ќеркички, Софија е доказ дека ако се сака – сè се може. Активна е на Instagram со бајковити фотосесии, како и нејзиниот канал на YT.

Najpopularnite-srpski-blogerski-i-jutjuberski-pravat-puzder-na-pazarot (2).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg