Кои се најпопуларните српски блогерки и јутјуберки што прават „пуздер“ на интернет?

Толку блиску, а толку далеку од нас. Оваа споредба „држи вода“ на толку многу полиња, а додека заработувачката од т.н. блогерство кај нас е сè уште во зародиш, девојките од соседна Србија прават „пуздер“ во реалноста.

Najpopularnite-srpski-blogerski-i-jutjuberski-pravat-puzder-na-pazarot-01.jpg

На што се должи ова? Веројатно, пред сè зависи од големината на пазарот. Македонија е мала држава дури и во споредба со Србија.

Таму, блогерството веќе неколку години се третира како многу повеќе од забавно хоби, тоа е професија од која се заработува прилично солидно. Бесплатни шминки и облека, патувања, гостувања и настапи, животот на блогерките и јутјуберки е исполнет 24/7.

Спонзорите се многу посериозни и подарежливи и очигледно добро си ја знаат работата кога станува збор за промотивни кампањи.

Ниту една реклама нема да предизвика толку голем успех, колку 20-тина промотивни пакети испратени на домашните адреси на популарните блогерки, кои подоцна ќе го претстават и промовираат производот на стотици илјади девојки кои ги следат на YouTube и Instagram.

А обожавателите и следбениците во моментот го копираат и купуваат сето она што го гледаат кај најомилените блогерки и влогери.

Од рецензии за козметички производи, до туторијали и техники за шминкање, т.н. haul видеа во кои блогерките детално го објаснуваат секое парче кое го купиле за себе, до утрински или вечерни ритуали за убавина, рецепти за храна, па дури и свои песни, ќе пронајдете буквално сè што ве интересира на нивните профили.

Кои се најпознатите и најпопуларните блогерки во Србија и на што се должи нивниот успех?

Зорана Јовановиќ – Zorannah

На Инстаграм се приближува кон милион следбеници и е веројатно најпознатата српска блогерка надвор од границите на матичната држава.

Зорана е автор на 2 книги и има свој сопствен парфем. Соработува со многу познати брендови, обожава да патува на егзотични дестинации како Аруба и Туркс и Каикос, а нејзиниот Инстаграм профил е дефинитивно еден од најпрофесионалните во блогосферата.

Нејзините видеа на YouTube може да ги погледнете тука.

Najpopularnite-srpski-blogerski-i-jutjuberski-pravat-puzder-na-pazarot (1).jpg

Ана Јанковиќ - Ana2Cats

Успехот дефинитивно не доаѓа преку ноќ, а харизматичната Ана е најдобар доказ за тоа. Својата работа ја почнува скромно со блогот во 2011 година, а 7 години подоцна конечно надмина 100 илјади следбеници на својот YouTube канал.

Сопруга, мајка на едно дете и успешна блогерка со одлични рецензии за козметички производи, Инстаграмот на Ана е мелем за очите.

Najpopularnite-srpski-blogerski-i-jutjuberski-pravat-puzder-na-pazarot (7).jpg

Јана Дачовиќ - Jana Dačović

Верувале или не, младата Јана која лани ја прослави својата матура ја следат неверојатни половина милион луѓе на YouTube и Instagram.

Покрај многуте успешни кампањи, нејзините календари во комбинација со планери, како и книгата која ја издаде (исто така во комбинација со планер), таа пред само неколку денови ги промовираше своите 3 парфеми од нејзината козметичка линија.

Не е лошо за само 19 години, нели?

Najpopularnite-srpski-blogerski-i-jutjuberski-pravat-puzder-na-pazarot (6).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg