Зошто сите познати дами на плажа позираат со едната нога на прсти?
Ако сакате визуелно подолги и потенки нозе на фотките од плажа, Барби позата е совршената за вас.
Инстаграм трендовите доаѓаат и си одат, а сега дојде еден каде познатите дами и блогерките позираат со едното стапало подигнато на прсти, како да имаат невидлива потпетица.
Ова го прават за да добијат изгледа на т.н. Барби нозе, односно нивните нозе на фотките да изгледаат потенки и подолги.
Бела Хадид и Кендал Џенер се дел од познатите дами што ја обожаваат оваа поза за на плажа.
Некои позираат и со двете стапала на прсти, но тоа некако изгледа смешно, плус може да изгубите баланс.
Инспирација за сите што не се срамат од камерата:
С. С. | Црнобело