5 работи кои треба да ги направите со пријателките ова лето
Годишното време кое е синоним за дружење на отворено вреди да го искористите во кругот на пријателките, за да креирате незаборавни спомени.
Предлагаме 5 активности кои треба да ги ставите на листата на летни активности:
1. Посетете музички фестивал
Организирајте го патувањето до таму, купете карти и танцувајте како никој да не ве гледа.
2. Викенд авантура на плажа
Еден од жешките викенди резервирајте мала пауза до најблиската плажа и лежете под сенка со коктел во рака.
3. Направете пикник
Ако имате слободно утро, спакувајте сè во една корпа и упатете се до најблискиот парк.
4. Забава на тераса/во двор
Повикајте ги најблиските пријателки и направете интимна мини забава со вкусен шампањ и вкусни кашкавали, сирења и мезиња по желба. Направете да се чувствувате посебно додека сте под отворено небо.
5. Создадете нова традиција
На пример, саботен бранч или утринско неделно кафе. Сеедно што ќе одберете, важно е да се придржувате до ритуалот и откако летото ќе заврши.
М. Д. | Црнобело