Никој не знаел дека е уметник сè до неговата смрт: Финецот кој рачно создал цел музеј

Никој не знаел дека овој работник во фабрика во својот приватен живот бил уметник, сè до неговата смрт. Тој зад себе оставил цела шума преполна со негови скулптури.

Nikoj-ne-znael-deka-e-umetnik-se-do-negovata-smrt-Finecot-koj-racno-sozdal-cel-muzej1.jpg

Веијо Ронконен бил сметан за самотник. Тој работел 41 година во мелница за хартија и скоро никогаш не прошетал никаде освен до работа и назад до неговата фарма на која живеел. Никој не го научил да биде уметник, но кога умрел, зад него практично оставил музеј на отворено.

Шумата која го обиколува неговиот дом е полна со скулптури од човечки фигури од сите возрасти и култури, отсликувајќи ги сите емоции кои можете да си ги замислите.

Nikoj-ne-znael-deka-e-umetnik-se-do-negovata-smrt-Finecot-koj-racno-sozdal-cel-muzej2.jpg

Роден во 1944, Роконен започнал да работи во мелницата на возраст од 16 години. Локалните приказни велат дека првата плата ја потрошил за да купи семки од јаболка и вреќа бетон, па со тоа ја започнал својата градина со скулптури, којашто неуморно ја негувал половина век.

Сега позната како „Градина на скулптурите на Веијо Ронконен“, ова место привлекува околу 25.000 луѓе секоја година.

Посетителите не се привлечени само од уметноста, туку и од атмосферата на самата шума во која живеат рачно изработените фигури на Ронконен.

Nikoj-ne-znael-deka-e-umetnik-se-do-negovata-smrt-Finecot-koj-racno-sozdal-cel-muzej3.jpg

Многу луѓе сметаат дека е малку морничава оваа „скулптурна населба“. Деца кои се креваат во воздух, додека возрасните седат облечени во традиционална облека. Некои дури имаат и усти полни со вистински човечки заби, кои се насмевнуваат на минувачите. Други имаат звучници внатре кои испуштаат неразбирливи зборови.

Nikoj-ne-znael-deka-e-umetnik-se-do-negovata-smrt-Finecot-koj-racno-sozdal-cel-muzej4.jpg

Дури има и област во која 255 полуголи фигури вежбаат јога. Јогата е всушност единственото хоби на Ронконен за кое знаеме, освен секако, создавањето на уметност.

Nikoj-ne-znael-deka-e-umetnik-se-do-negovata-smrt-Finecot-koj-racno-sozdal-cel-muzej5.jpg

Ронконен е повеќе од парк на скулптури, тоа е општество, и иако самите уметнички дела на моменти се вознемирувачки, целата шума несомнено е магична, тоа е соединување на неколку различни светови на едно место.

Ова е особено интересно ако се земе предвид дека уметникот никогаш не го прошетал светот во својот вистински живот.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg