Ресорт на Малдиви преплавен од инфлуенсерки - како изгледаат нивните понуди за соработка?

Замислете бесплатен престој на Малдиви или во Даблин 10 дена за 0 денари, совршено звучи, зарем не?

resort-na-maldivi-preplaven-od-influenserki-kako-izgledaat-nivnite-ponudi-za-sorabotka-01.jpg

Одговорните во ресортот со 5 ѕвездички на Малдиви „Dusit Thani resort“ открија дека постојано се бомбардирани со понуди од самонаречени Инстаграм „ѕвезди“ кои сакаат да добијат соба бесплатно и потоа преку фотки да го рекламираат ресортот на нивниот Инстаграм профил.

Кејт Џонс, одговорна за маркетинг на овој комплекс, откри дека инстаграмџики постојано ги контактираат преку пораки на социјалните мрежи за да добијат гратис престој, но дека голем дел од нив не ни можат да се пофалат со многу следбеници на својот Инстаграм профил.

„Секој со Инстаграм профил деновиве како да стана инфлуенсер. Не може некој со 2.000 Инстаграм следбеници да ми каже дека сака да дојде на Малдиви 10 дена бесплатно за да стави неколку објави“, вели Кејт и додава дека само 1 од 10 предлози што им пристигнуваат вреди да се разгледа.

Инаку, во јануари одговорните во хотелот „The White Moose Café“ во Даблин објавија како изгледа порака во која една инфлуенсерка им нуди соработка:

Dear Social Influencer (I know your name but apparently it’s not important to use names), Thank you for your email...

Posted by The White Moose Café on Tuesday, January 16, 2018

Како изгледа прекрасниот ресорт на Малдиви:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Си легнуваш гладен и уште 9 работи што ги разбираат само оние кои живееле во сиромаштија „Сиромаштијата значи постојано планирање за следниот оброк, за следната сметка, ...
10 идеи за божиќни подароци од Sinsay до 600 денари Меки домашни папучи, декоративен послужавник, чорапи со празнични мотиви… Мек...
9 мажи кои може да ја добијат наградата „татко на годината“ „Татко ми помина околу еден час во кујната за да ме изненади со ‘специјално зајч...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Убавината им е во гените - Како изгледаат славните жени и нивните ќерки на иста возраст? Како изгледала Кетрин Зита-Џонс на 20 години, а каква е нејзината ќерка Карис на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg