3 непишани бонтон правила за луѓето што се возат во автобус на топло време
Високи температури, испотени луѓе, затворени прозорци и недостиг на воздух во градите... Дали ова ви звучи како позната сцена од автобус?
Едно од најтешките искуства во лето е одењето на работа со јавен превоз. Возењето со десетици испотени луѓе, залепени до вас, ве прави клаустрофобични и ве остава без здив.
Додека се обидувате да одржите баланс во гужвата често се борите и со испотени пазуви во вашето лице во преполниот автобус.
Како и да е, ако сите патници во автобус почитуваат одредени правила, патувањето ќе биде малку поподносливо.
Неколку непишани бонтон правила:
Хигиена и двојна доза дезодоранс
Потењето во автобус кога температурите се екстремно високи е неизбежно, па пред да заминете од дома по туширањето испрскајте ја со дезодоранс секоја зона од вашето тело, каде се потите интензивно.
Одберете некој со свеж и дискретен мирис и другите патници ќе ви бидат благодарни.
Направете простор
Нема ништо полошо од тоа да се качите со 5 торби во автобусот, да ги истуркате сите и да фатите простор за тројца.
Исто така, не смеете тврдоглаво да стоите на скалите за вториот кат, додека некој долу не може да дише и сака да се качи.
Внимателноста со просторот важи и за кога седите. Не смеете себично да го заземете и седиштето до вас. Покажете им на сите колку сте цивилизирани.
Внимавајте што јадете
Се разбира, дека ви е дозволено да јадете што сакате и колку сакате, но сепак би било одлично доколку внимавате со храната што предизвикува лош мирис од устата во периодите кога се возите со јавен превоз.
Навистина нема потреба средношколецот до вас да „страда“ затоа што вие денес сте јаделе 10-ка ќебапчиња со тон кромид.
Тестирајте се дали сте најиритантниот човек во јавниот превоз!
С. С. | Црнобело