Хумористичен квиз: Дали сте најиритантниот човек во јавниот превоз?
Некои луѓе како да се центар на светот и нивната себичност, според однесувањето во јавниот превоз, се мери во тони.
Доколку користите јавен превоз, тогаш свесни сте дека нашите автобуси се преполни со луѓе кои немаат основна култура.
Тие изгледа се во заблуда дека автобусот е нивна приватна сопственост и дозволено им е да се однесуваат како сакаат, без да водат сметка за туѓите емоции.
Тоа што некој имал лош работен ден и му го влошиле дополнително не е нивна грижа.
Се надеваме дека не сте еден од нив, но сепак одговорете на овие прашања и дознајте дали се однесувате културно кога користите јавен превоз.
Дали сте најиритантниот човек во јавниот превоз?