3 секојдневни навики од кои треба да се одвикнеме за да создадеме подобро општество

Нашите секојдневни навики влијаат на нашето расположение, и врз расположението на другите.

3-sekojdnevni-naviki-od-koi-treba-da-se-odvikneme-za-da-sozdademe-podobro-opstestvo1.jpg

Еве неколку секојдневни навики од кои ако се одвикнеме, нашиот живот ќе тргне на подобро:

Утринска сообраќајна нервоза

Денот по утрото се познава, а нашите утра се пропратени со милион свиркања на автомобилите и најразлични псовки од учесниците во сообраќајот. Главната причина за ова е секако метежот, сообраќајната некултура, како и грижата да не задоцниме на работа.

Како да се справиме со тоа?

Затворете ги прозорите од вашиот автомобил, (или ставете слушалки во уши доколку користите јавен превоз), пуштете си музика и обидете се да не се нервирате. Да, не е нормален тој што ви го пресекол патот, и да, не знае да вози оној на кого му се изгасил автомобилот при поаѓање на семафор, меѓутоа вашата нервоза нема да ги подобри вештините на овие луѓе, ниту пак вашето свирење ќе го запали побрзо автомобилот на „почетникот“.

Доколку не сакате да задоцните на работа, излезете порано од дома. Доколку веќе доцните, запомнете дека џентлменското доцнење до 15 минути се простува.

Сообраќајна некултура

Повеќето од учесниците во сообраќајот грешат на дневна база, а со тоа ги загрозуваат животите на другите, како и својот живот. Еве неколку грешки кои сите ние ги правиме во сообраќајот.
Употреба на трепкачи – Употребата на трепкачите е вистинска реткост во нашава земја, а е еден од најголемите причинители за застој во сообраќајот. Доколку сакате да завртите лево, вклучете го левиот трепкач пред да го сторите тоа... не е тешко.

Брзање да се помине на жолто - Дополнителните 3 минути чекање на семафор нема да ви сменат многу во животот. Последиците кои може да настанат поради вашето невнимание се преголеми за да не се одвикнете од оваа навика.

Паркирање со четири трепкачи на сред улица - Многу е поедноставно наместо да го направите ова, да го најдете одговорното лице за областа во која сакате да застанете, и да го замолите да ве пушти да застанете 5 минути без да плаќате паркинг. Зошто да си правите нервоза кога сѐ може да се реши со убавиот збор.

Застанување на пешачки премин - Интересно е како кога ќе се вратите од вашето патување во некоја високо развиена земја, првото нешто коешто го раскажувате на пријателите тоа дека сите застанувале на пешачки премин кога ќе видат пешаци... Велат дека промената започнува од себе, па убаво би било да започнете и вие да го практикувате овој здрав начин на размислување.

Непочитување на Бон-тон

Во нашите детства сите сме поседувале барем една книга со ваков наслов. Се надевам дека сте ја прочитале, бидејќи применувањето на овие „златни“ правила напишани во таа книга се всушност многу важни при градењето на секојдневните односи со луѓето околу вас. Токму поради непочит на овие правила, се соочуваме со секојдневни нервози како на работното место, така и надвор од него.

Никој не сака да слуша како јаде некој до него, и никој не сака да дешифрира што сака неговиот соговорник да каже додека зборува со полна уста. Не бидете тој човек.

Ништо не ве чини да се насмевнете кога влегувате на работа, а токму таа насмевка може на некого да му го разубави денот.

Зошто е важно да се одвикнеме од овие секојдневни навики? Одговорот одамна го има напишано големиот Лав Толстој:

Сите сакаат да го променат светот, но никој не сака да се промени себеси“

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg