Ситници на кои е важно да се потсетувате постојано во 20-ите
Многу млади во 20-ите години знаат да се разочараат доколку се најдат во период кога некои работи не им одат како што си замислувале.
Но, сосема е нормално на почетокот на 20-ите да не можете да се пронајдете и да се најдете на крстосница.
Се соочувате за првпат со вистинскиот свет и со проблемите на возрасните, па не е ништо чудно да се чувствувате изгубено.
Затоа е важно да знаете што е нормално во овој период и постојано да се потсетувате на одредени ситници:
1. Нема да останете сами до крајот на животот.
2. Не мора сега да ја работите работата од соништата, има уште време.
3. Сите се чувствуваат изгубено понекогаш.
4. Имате уште многу време за да кикснете на секое поле.
5. Некој ќе ве сака повторно.
6. И вие ќе сакате некого повторно.
7. Никогаш не сте целосно без поддршка, само треба да најдете каде е.
8. Да се разочарате во себе значи дека знаете дека можете подобро.
9. Не е ваша работа да живеете нечиј друг сон.
10. „Не“ е многу важен збор кој треба да научите да го кажувате.
11. Никој не ви ги чита мислите – мора да побарате што сакате.
12. Телото не ви е како во средно и треба да внимавате на исхраната.
13. Никогаш нема да престанете да се менувате – во секој поглед.
14. Мора понекогаш да си дадете одмор.
15. Губењето пријатели е нормална последица од оваа фаза во животот.
16. Некои луѓе ќе мора да ги оставите зад себе и тоа не ве прави лоша личност.
17. Секој некогаш прави некоја огромна животна грешка.
18. Сите се плашат од тоа што ги очекува.
19. Ако знаевте и разбиравте сè, животот ќе ви беше досаден.
М. М. | Црнобело