Споделуваме искуства: Што сфатив кога почнав да се „журкам“ секојдневно, цела година?

Дали мислите дека ако постојано излегувате и се забавувате со пријателите ќе избегате од проблемите? И оваа девојка паднала во таа замка...

spodeluvame-iskustva-shto-sfativ-koga-pochnav-da-se-zurkam-sekojdnevno-cela-godina-01.jpg

Младата India Benjamin од Велика Британија вели дека била сингл првпат по 5 години, имала работа што ја мрази и минувала низ лош период.

Ѝ била потребна промена во животот затоа што и покрај раскинувањето на љубовната врска морала да живее во иста куќа со поранешното момче бидејќи финансиски не можела да си дозволи да се отсели, па мразела да биде дома. Затоа почнала да кажува ДА на некој предлог за излегување.

Нејзиното искуство:

„Како што почнав да кажувам ДА, така охрабрував сè повеќе покани да пристигнуваат на моја адреса и мојот социјален живот стана неверојатен. На површината имав одличен стил на живот, излегував секоја ноќ на пијалак или вечера со пријателите, со луѓе што ги запознавав на социјалната мрежа Тиндер, а викендите ги минував во забавување во дискотеки до раните утрински часови.

Во текот на таа една година мината со ова темпо сметав дека конечно го живеам животот што го заслужувам, иако не можев да си го дозволам. Бев толку зафатена што немав време за размислување, а со тоа и за решавање на моите проблеми. Едвај имав време да спијам.

spodeluvame-iskustva-shto-sfativ-koga-pochnav-da-se-zurkam-sekojdnevno-cela-godina-02.jpg

Но, недоволниот сон, недостигот на рутини и нездравиот начин на живот ми донесоа хронична инсомнија и константна премореност. Изгледав како зомби. Кога се погледнав во огледалото сфатив и дека сум качила килограми.

Коктелите и бегањето од очајот ме оставија со испразнета кредитна картичка, а тргањето на умот од моите проблеми направи да завршам во уште поголеми проблеми. Од несреќна станав депримирана. Почнав да плачам без очигледна причина додека им пишував на пријателките да направат планови за истата вечер.

Почнав на мојата мачка да ѝ зборувам дека не можам повеќе и тогаш сфатив дека е време да го средам мојот живот. За првпат откажав планови таа ноќ и седев дома, си готвев и си ги лакирав ноктите.

spodeluvame-iskustva-shto-sfativ-koga-pochnav-da-se-zurkam-sekojdnevno-cela-godina-03.png

Минаа две години откако престанав да кажувам ДА на секој план за излегување. Обожавам да минувам време дома, да спијам, да си правам тостови, да се негувам себеси, иако мора да признаам дека по таа година мината турбо сега бргу ми здодеваат работите и сè уште имам повеќе планови од просечна личност.

Сфатив дека грижата за себе е важна, без разлика дали тоа е тренинг или легнување рано во кревет со книга во рацете. Понекогаш е потребно да престанете да правите работи и само да го процесирате светот околу себе.

Мој совет? Кажувајте ДА, но умерено.“

Уште едно искуство - Што сфатив додека носев иста облека на работа секој ден, цела година!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg