Дали на интровертните личности им е потребен подолг сон?

Дали сте дел од оние личности кои повеќе од сè сакаат да се излежуваат во кревет? Дали ви е екстремно тешко да станете наутро? Дали цел ден сонувате повторно да се вратите во прегратките на меката постела?

dali_na_introvertnite_licnosti_im_e_potreben_podolg_son_01.jpg

Доколку сте интровертна личност може почесто да се најдете во ситуација кога, наместо да излезете со вашето друштво, посакувате само да се стуткате во кревет и да гледате цела сезона од некоја нова и интересна серија. Точно е дека интровертите се личности кои со задоволство би ги откажале сите идни планови само за да поминат подолго време во удобноста на спалната соба.

Но, дали тоа значи дека на интровертите му е исто така потребен подолг и поквалитетен сон?

Можеби тоа е реченица која сите интроверти потајно си ја повторуваат, а некои ја користат и како изговор. Но, дали науката е на страната на интровертите?

За жал, науката вели дека на сите ни е потребен квалитетен сон од минимум 6-8 часа, но менталниот склоп на интровертите прави тие да бараат подолго време за одмор. Но, тоа не значи и спиење. Едноставно секој интроверт чувствува потреба од подолго време за релаксација, мир и тишина.

dali_na_introvertnite_licnosti_im_e_potreben_podolg_son_02.jpg

Според психолозите, не само што интровертите и екстровертите имаат различни карактерни особини, тие потполно се разликуваат во биолошка смисла. Интровертите имаат намалена сензитивност на допамин (невротрансмитер во мозокот поврзан со чувството за награда) за разлика од екстровертите и поради тоа интровертите се чувствуваат посреќно доколку се оставени сами.

Екстровертите од друга страна чувствуваат поголема потреба за социјална интеракција за да се почувствуваат стимулирано. Интровертите во социјални ситуации се чувствуваат престимулирано и преморено што предизвикува нивото на нивната енергија да опадне.

Тоа е најголемата причина поради која интровертите често се чувствуваат изморени и престимулирани и причина поради која многу почесто му е потребен одмор.

Но, на крај сите заслужуваме барем еден екстра час за спиење. Нели?

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg