Работи кои заслужувате да ги научите и да ги знаете пред 30-тата година
Во животот доаѓа период кога мора да се соочите со многу работи и вистини, кои претходно можеби не сте ги сфаќале.
Посебно по 25-тата година време е да созреете и да научите некои животни лекции кои понатаму многу ќе ви значат.
За таа цел, издвојуваме неколку важни работи кои заслужувате да ги научите пред 30-тата година.
1. Почит за фактот дека сите чекориме низ овој свет на различен начин.
2. Разбирање за тоа дека патувањето не ве прави подобра личност по секоја цена.
3. Верба во вашата способност за преживување, и покрај тоа што луѓето си заминуваат.
4. Не можете да го контролирате тоа ви се случува, но можете да одберете како ќе реагирате.
5. Нема замена за напорната работа и трудот, не се плашете и вложете се целосно.
6. Вашите родители стареат, поминувајте време со нив.
7. Мамурлаците ќе стануваат уште потешки со годините.
8. Како изгледа здрава љубовна врска, без бркање на она што не може да се достигне.
9. Прифатете дека е во ред да не сте таму каде што сте планирале да бидете.
10. Способност да сакате да се развивате, но и да се сакате какви што сте во моментот.
11. Како да слушате без да чекате да ви дојде ред за да одговорите.
12. Како да не се согласувате со пријателите, но сепак да ги поддржувате.
13. Како да го оставите телефонот и да бидете присутни. Социјалните мрежи чекаат, моментот поминува.
14. Кои се вашите слабости.
15. И вашите силни страни.
16. Чекањето некој да ви возврати љубов не е романтично, туку самоуништувачко.
17. Не е сè во љубовта кон личност, има нешто и во останатите работи од животот.
18. Некои години ќе бидат потешки од други.
19. Луѓето не мислат толку многу за вас колку што вие мислите дека мислат.
20. Помирете се со фактот дека животот нема да изгледа како што сте си замислувале.
M. M. | Црнобело