Тајни од стјуардесите: Што прво забележуваат кај патниците во авионите?
Од тоа дали сте силни и можете да им помогнете во итен случај до тоа дали имате консумирано алкохол... На што внимаваат стјуардесите?
Стјуардесите се задолжени за безбедноста на патниците во авионите и тие треба на прв поглед да донесат одредени заклучоци за луѓето што се качуваат.
Тие мора постојано да бидат свесни за каква било ситуација во авионот и поради тоа кога ги поздравуваат и им се обраќаат на патниците им прават и целосна анализа.
Што прво забележуваат стјуардесите кај патниците, односно кај вас:
Дали сте пијани
Ако човек е пијан или има земено некакви супстанции, може да не му биде дозволено да се качи во авионот, бидејќи може да биде закана по безбедноста на летот.
Во случај на евакуација на авионот, целта е за 90 секунди сè да биде подготвено, па стјуардесите не сакаат дополнително да си го ризикуваат својот живот и животите на другите за некој пијан човек кој не сака да соработува и да ги почитува процедурите.
Дали сте силни и мускулести
Ако некој изгледа мускулесто, моќно, силно стјуардесите го помнат неговиот лик и местото каде седи. Го сметаат за човек за помош ако има некаков итен случај, како терористички напад на авионот и слично.
Некогаш со овие луѓе стјуардесите дури и приватно разговараат дали би им помогнале ако се случи некоја непредвидена ситуација. Сакаат да бидат подготвени за секој случај.
Дали сте болни
Екстремно е важно да се знае ако има болен патник. Ако станува збор за некој сериозен вирус на патникот му се забранува летање за да не ги зарази другите.
Какви било здравствени проблеми ако се случат е подобро да се случат на земја, отколку за време на лет, бидејќи и покрај тренинзите стјуардесите не можат да им понудат на патниците сериозна помош и дијагноза како доктори, туку само прва помош.
Дали сте анксиозни и исплашени
Стујардесите секогаш внимаваат на луѓето што се плашат од летање и одат до нив да им кажат по некој збор за поддршка и охрабрување.
Дали имате повреди
Ако имате некаква повреда или инвалидитет тие помнат каде седите за да не бидете изоставени при итен случај.
Исто така, не е пожелно да седите кај вратата за итен излез, затоа што таму треба некој доволно силен да ја отвори.
Дали сакате да направите нешто илегално
Од шверцување на алкохол до нелегален превоз на вашиот миленик, на патниците сè може да им падне на ум. Затоа стјуардесите се фокусираат за да проценат дали патниците имаат такви намери.
Прочитајте и тајни на стјуардесите во прва класа!
С. С. | Црнобело