Заклучоци кои луѓето ги носат за вас во првите неколку секунди од средбата со вас

На сите ни се случило, кога првпат ќе се сретнеме со некого, да го простудираме уште во првите неколку секунди.

zakluchoci-koi-lugjeto-gi-nosat-za-vas-vo-prvite-nekolku-sekundi-od-sredbata-01.jpg

Луѓето често имаат способност, уште пред да се почне со разговор, да донесат мислење и заклучок за оние со кои остваруваат средба, според изгледот.

А, за тоа понекогаш се потребни само неколку секунди, па затоа е важно да знаете какви заклучоци носат и врз база на што.

Во продолжение, прочитајте каков впечаток добиваат луѓето на првата средба:

Дали може да ви се верува

На мозокот му е потребна 0.1 секунда за да сфати дали треба да му верува на странец или не.

Тоа значи дека, некогаш не ни мора да отворите уста, а познаникот веќе ќе има свое мислење дали треба или не треба да ви верува.

zakluchoci-koi-lugjeto-gi-nosat-za-vas-vo-prvite-nekolku-sekundi-od-sredbata-02.jpg

Колку сте опуштени

Лоши вести за љубителите на тетоважи. Во едно истражување, докажано е дека жените со тетоважи, другите ги гледаат како „пораспуштени“ склони кон често менување партнери.

Сепак, тоа не е сечие мислење, бидејќи има и такви кои сметаат дека тетоважите се трајни и сериозни што мора да ги носите цел живот. Па, ако жената се одлучила да носи цртеж на нејзиното тело за цел живот, зошто да не може да биде во трајна врска?

Но, стереотипите во општеството се сепак посилни, па ако сакате да оставите добар впечаток на прв поглед, покријте ги тетоважите со облека.

zakluchoci-koi-lugjeto-gi-nosat-za-vas-vo-prvite-nekolku-sekundi-od-sredbata-03.jpg

Колку сте склони кон лидерство

Мажите без коса имаат предност на ова поле – на прв поглед тие изгледаат како да имаат силен карактер со добри способности за лидерство и успешно водење на тим, според истражувањата.

Овој ефект се постигнува само доколку мажите се целосно келави, а не делумно, па доколку се двоумите, сега имате причина плус да се збогувате со косата. 

zakluchoci-koi-lugjeto-gi-nosat-za-vas-vo-prvite-nekolku-sekundi-od-sredbata-04.jpg

Колку сте успешни

Ако сакате да оставите впечаток на успешна личност, подобро е да облечете одело кое совршено ќе ви одговара на телото.

Другите луѓе веднаш забележуваат разлика во облеката, а за жал тоа им го создава и впечатокот за успешност, барем на прв поглед.

За жените пак, важи „правилото“ дека оние со кратки здолништа и длабоко деколте, оставаат впечаток на работнички од понизок статус, додека пак оние со позатворена облека, се сметаат за поуспешни.

zakluchoci-koi-lugjeto-gi-nosat-za-vas-vo-prvite-nekolku-sekundi-od-sredbata-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg