5 трикови кои ќе ви помогнат да се разбудите без аларм

 Ах, тоа ужасно утро. Секој ден помислата дека треба да го напуштиме креветот може да биде најтешката работа. Едвај успеваме да се извлечеме од постелата и да започнеме да се подготвуваме за денот пред нас.

5_trikovi_koi_ke_vi_pomognat_da_se_razbudite_bez_alarm_01.jpg

Сите сигурно сме си го поставиле прашањето кога ќе започнеме да се будиме со леснотија и насмевка на лицето. Нормално, убавите работи во животот не доаѓаат лесно.

Затоа еве 5 трикови кои доколку ги применувате на дневна база можат да ви помогнат да си го направите секое утро попријатно:

Откријте го сопствениот ритам

Сите имаме различен ритам кога станува збор за спиењето. Некои од нас заспиваат порано, додека некои се мачат да склопат око до доцните часови во ноќта.

Откријте го вашиот ритам и започнете полека, но сигурно да го тренирате вашето време на спиење. За неколку дена ќе почувствувате разлика која ќе се одрази на вашето здравје и благосостојба.

5_trikovi_koi_ke_vi_pomognat_da_se_razbudite_bez_alarm_02.jpg

Отстранете го вештачкото светло во спалната соба

Денес сме бомбардирани од светлина, но не во природен облик. Светлината од телевизорот, телефонот, компјутерот, па дури и светлото од ламбата до креветот може доста да влијаат на намалување на сонот.

Затоа претворете ја вашата спална во оаза за спиење и оставете ги електронските апарати што е можно подалеку од вас во текот на ноќта.

5_trikovi_koi_ke_vi_pomognat_da_se_razbudite_bez_alarm_03.jpg

Направете ги утрата посветли

Наместо да ја спуштате ролетната до крај, дозволете светлината да блесне наутро. Оваа едноставна акција ќе ви помогне да се разбудите заедно со природата и да си го направите секое утро посреќно.

5_trikovi_koi_ke_vi_pomognat_da_se_razbudite_bez_alarm_04.jpg

Создадете си рутина

Кога станува збор за спиењето и квалитетниот сон, рутината може навистина ви помогне. Доколку сакате да започнете да се будите порано, тогаш калкулирајте минимум 8 часа за квалитетен сон.

Полека, но сигурно ќе започнете да создавате здрава навика за цел живот.

5_trikovi_koi_ke_vi_pomognat_da_se_razbudite_bez_alarm_05.jpg

Не се откажувајте

За да започнете да ги чувствувате придобивките на квалитетниот сон и будењето рано и, се разбира, да се разбудите без вашиот аларм потребно е време.

Секоја навика се формира со повторување, па така дозволете си себеси доволно време за да оформите здрави навики, кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни и посреќни.

5_trikovi_koi_ke_vi_pomognat_da_se_razbudite_bez_alarm_06.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg