Заглавен прстен, лизгави чевли: Трикови за брзо решавање на неочекуваните проблеми
Лош здив
Ако мора брзо да го освежите здивот, а немате четка за заби или нешто за освежување, може да џвакате зрна кафе кои ќе го отстранат непријатниот мирис и ќе го исчисти јазикот од бактерии.
Жолти заби
Жолтите заби може да ги избелите така што ќе ги триете со внатрешниот дел на лушпата од банана и ќе почекате 10-15 минути. Потоа отстранете ги остатоците со четка за заби и исплакнете ја устата.
Лизгави чевли
Ако чевлите одоздола ви се премногу лизгави може да го решите проблемот со шмиргла или посилна турпија. Тријте ги чевлите одоздола од петите кон прстите, но не притискајте многу силно. Можете и да залепите самолеплива шмиргла.
Компири против дамки од пот
За да го намалите ризикот од дамки од пот под пазувите, исечете компир и поминете со него под рацете. Почекајте додека да се впие и потоа исплакнете ја кожата.
Поткревање на здолништето
Ако сакате да спречите здолништето постојано да ви се поткрева нагоре, испрскајте лак за коса на бутовите за материјалот да се лепи и да не се крева нагоре.
Залепена гума за џвакање на облека
Ако ви се залепи гума за џвакање на облеката, земете дебел и појак селотејп, залепете една лента врз гумата и потоа одлепете. Повторете неколкупати.
Заглавен прстен
Кога не може да го извадите прстенот од прстот, кренете ја раката нагоре. Држете ја така неколку минути за крвта да се спушти надолу кон рамената и полесно да го извадите прстенот доколку немате други „помагала“.
М. М. | Црнобело