Заглавен прстен, лизгави чевли: Трикови за брзо решавање на неочекуваните проблеми
На сите ни се случиле непријатни изненадувања во ситуација кога најмалку требало да се случат.
Или пак, колку пати сте морале набрзина да отидете некаде, а не сте соодветно средени во изгледот?
Без разлика за каква непријатна ситуација се работи, никој не сака да ги искусува често.
Затоа, во продолжение ви нудиме неколку трикови кои ќе ве спасат од непријатности во различни ситуации во кои може секој да се најде:
Масна коса
Кога немате време да ја измиете косата, земете тоалет хартија и натапкајте ја на масните делови на коренот на косата. Потоа, малку разбушавете ја косата и ќе изгледа подобро.
Проблеми со патент
Кога патентот на облеката ќе се заглави, обидете се да го решите проблемот со молив. Тријте ги двете страни на патентот со моливот и потоа нежно повлечете.
Потење под гради и пазуви
Доколку забележите дека делот под градите ви се поти кога надвор е топло, може да искористите дневни влошки кои ќе ги ставите во градникот и ќе ја апсорбираат потта.
Истиот трик може да го искористите и за потење под пазувите - ставете дневна влошка под пазувите, но само доколку ракавите на блузата се доволно долги и материјалот не е проѕирен.
Изместување на очила
За да не мора постојано да ги местите очилата кои ви паѓаат и се изместуваат, ставете проѕирни ластичина на крајот на рачките и така нема да ви се лизгаат.
Разликување на нијансите на лицето во лето
Кога ќе фатите боја во лето, невозможно е да ја користите истата пудра без да се познава разлика во тенот на лицето и вратот. Но, за да не купувате нова пудра за краток период, може само да додадете течен бронзер во пудрата и добро да измешате.
Оцртување на вишокот под хеланките
Ако хеланките премногу ви ги нагласуваат недостатоците, постои начин да ги сокриете. Земете стари хулахопки и исечете го горниот дел во вид на шорцеви. Носете ги под хеланките за телото да ви изгледа позатегнато и мазно.
Дамки од мастило
Сигурно многупати ви се случило погрешка да ви истече мастило од пенкалото или едноставно да се шкртнете на светла облека.
За ова може да ви помогне обичен антибактериски гел. Ставете крпа под дамката за да го собере мастилото, па ставете од гелот и тријте ја дамката со крпче или памук, па исплакнете го делот.