Зошто има живот на Земјата?
Атмосферата на Венера е премногу топла и тешка за да може да се створи и одржи живот, додека пак атмосферата на Марс е премногу тенка и ладна.
Тоа ја остава Земјата избалансирана помеѓу двата соседни екстреми.
Кои се карактеристиките што ја прават Земјата совршена за создавање и одржување на живот?
- Правите состојки: На планетата и треба вода, извор на енергија и хемиски градливи елементи како јаглерод, кислород, водород и хидроген, за да можат нам познатите живи форми да успеат.
- Правата кора: Гасовитите џинови и растопените светови не се сметаат. За среќа, Земјата поседува соодветна дистрибуција на елементите за да обезбеди загреано јадро и карпеста ‘прекривка’.
- Правата температура: Потребата за вода во течна состојба исто така значи дека температурата на планетата треба да и овозможи на водата да остане во течна состојба.
- Правата месечина: Нашата голема месечина ја обезбедува стабилноста на климата намалувајќи го влијанието на промените од планетарниот нагиб. Доколку нашата планета нема нагиб, тогаш нема да има ни годишни времиња, и спротивно, доколку има поголем нагиб тогаш би се соочиле со екстремни годишни времиња.
- Правата ѕвезда: Сонцето и ја обезбедува на Земјата потребната енергија за живот, и можеме да кажеме дека таа енергија е доста стабилна. Замислете како би било да печете нешто во рерна која во секој момент може да качи температура или да експлодира.
- Правото јадро: Земјиното цврсто внатрешно јадро и течното надворешно јадро играат клучна улога во заштита од смртоносна соларна радијација. Разликите во температурата и составот на овие две јадра го создаваат заштитното електромагнетно поле на Земјата.
- Правите соседи: Јупитер ја штити Земјата од постојаните ѕвездени бомбардирања. Научниците предвидуваат дека без овој гасовит џин, Земјата ќе биде изложена на 10.000 повеќе напади од астероиди и комети.
Па затоа, бидејќи немаме каде на друго место да одиме, време е да се посветиме на заштита на околината во која живееме и да создадеме поубав живот за нас и за идните генерации!
-->
Би можело да ве интересира:

Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард
Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Изгубена тежина, исчистено лице од акни: Фото-споредби кои прикажуваат неверојатни разлики
„Промената која се случи со мојата кожа по 30 дена без шеќер“, „Лево е влош...

13 неверојатни ситуации што се случуваат само еднаш во животот (фото)
Постојат ситуации кои може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќ...

10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата)
Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Кои се 5-те фази на тагување и како да си помогнете кога ви е најтешко?
Тагувањето е нормална реакција на загуба, но може да предизвика емоции кои не ги...

„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма...
Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...
-->
-->